Вицепремиерт за економски прашања Фатмир Битиќи стои на ставот дека за зголемување на платите во образованнието треба да се преговара, како што тоа беше кога се договараше покачувањето на минималната плата.
„Покачувањето на минималната плата е успех постигнат со преговори и јас сакам да го истакнам тоа, затоа што нашето општество не е научено на преговори. Не е научено исходот на преговорите да биде задоволувачки за двете страни. Затоа сметем дека тоа беше исчекор и тоа не треба да се занемари“, вели Битиќи во интервју за Фронтлајн.
Тој потсетува дека истиот принцип треба да се примени сега со СОНК.
„За жал, сега гледаме како една страна веднаш, само неколку дена по изгласувањето на минималната плата настапува со други уцени, дека токму денеска треба да се усогласиме со зголемување на платите. Ние се согласуваме, да, усогласување ќе има кога заеднички на преговарачка маса сите чинители ќе кажат дека треба да има усогласување“ вели Битиќи во интервју за Фронтлајн.
Љ. Н.