Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека понудил да ја посети Украина со други лидери на членки на ЕУ, но Киев му кажал дека негова посета е „непожелна“, пишува МИА.
– Бев подготвен да го направам ова, но очигледно морам да кажам дека тоа не беше желба на Киев, изјави Штајнмаер за новинарите за време на посетата на Варшава.
Штајнмаер, поранешен министер за надворешни работи, се соочува со зголемени критики поради неговата долгогодишна неконфронтирачка политика кон Москва.