ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Наставниците на штрајк, учениците на „пролетен распуст“, родителите загрижени

April 12, 2022 13:54
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Втор ден штрајк на СОНК. Засега нема никакви поместувања ниту пак конретен датум за дијалог. Децата во градинките генерално се згрижени, но учениците не се во клупите, тие се на „пролетен распуст“, иако пандемијата две години им земаше данок. Владата утрово лиферуваше соопштение во кое се наведува дека е отворена за продолжување на дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура. Од Владата потенцираат дека платите во образованието, во изминатите пет години биле зголемени од 3.200 до 6.400 денари.

„Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд….Го охрабруваме синдикатот, кој покажа интерес за новиот пристап, да го продолжи дијалогот и да учествува и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите. Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот“, пишува меѓудругото во владиното соопштение.

Идентична изјава вчера даде и министерката за труд и социјална работа, Јованка Тренчевска.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи пак вели дека усогласување на платите ќе има, но дека никој не треба да се служи со уцени.

„Покачувањето на минималната плата е успех постигнат со преговори и јас сакам да го истакнам тоа, затоа што нашето општество не е научено на преговори. Не е научено исходот на преговорите да биде задоволувачки за двете страни. Затоа сметем дека тоа беше исчекор и тоа не треба да се занемари“, вели Битиќи во интервју за Фронтлајн.

Тој потсетува дека истиот принцип треба да се примени сега со СОНК.

„За жал, сега гледаме како една страна веднаш, само неколку дена по изгласувањето на минималната плата настапува со други уцени, дека токму денеска треба да се усогласиме со зголемување на платите. Ние се согласуваме, да, усогласување ќе има кога заеднички на преговарачка маса сите чинители ќе кажат дека треба да има усогласување“,  вели Битиќи во интервју за Фронтлајн.

Министерот за образование, Јетон Шаќири вчера рече дека го почитува правото на штрајк, но дека тоа треба да биде последен чекор и додаде дека социјалниот дијалог со СОНК ќе продолжи. 

„Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи.  Имам информации од градови каде што имало ученици што сакале да влезат, но од директорите не биле пуштени во училиштата поради одлука за штрајк. Овие информации ќе треба да ги потврдам со инспекторатите, просветен и трудов“, рече министерот Шаќири.

Што велат од СОНК

„Во најголем дел или огромен дел се штрајкува без сериозни проблеми“, изјави вчера за МИА Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) кој пак денеска најави дека штрајкот продолжува.

„Кон штрајкот се приклучија и голем број наставници што не се членови на СОНК. Првиот ден од штрајкот и масовноста на штрајкувачите е добра порака до надлежните. Посериозни притисоци и проблеми имаме во детските градинки од директорите што ги присилуваат воспитувачите да го прекинат штрајкот и тоа најзабележано беше во Карпош, Центар, Валандово и Гевгелија“, рече Неделков вчера на прес-конференција нагласувајќи дека очекува да продолжат преговорите за покачување на платата.

Вечното прашање – Има ли протестот политичка позадина?!

Санела Шкријељ од СДСМ вели дека зголемувањето на платите на наставниците треба да се постигне со дијалог, а не со условување. Таа побара од ВМРO-ДПМНЕ да престане да го политизира штрајкот на СОНК. пренесe Слободен печат.

 „Во изминатите три години, во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21 отсто. Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21 отсто, што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар“, потсетува Шкријељ.

Што е со децата? 

Фронтлајн разговараше со неколку родители на деца коишто учат во основни училишта. Тие сметаат дека покачувањето на платите е во ред, но дека не треба сега да штрајкуваат, туку кога децата се на распуст, затоа што тие најмногу настрадаа и за време на Ковид – 19 пандемијата.

„Премногу едострано наставниците го толкуваат штрајкот. Бараат поддршка од нас радителите, а што добиваме ние за возврат. Деца кои седат дома и повторно во незивесност колку ќе губат од настава и како ќе им се надополни истата. Многу изгубија децата изминативе две години, немаат контиунитет во наставата. За жал ова се генерации на едно изгубено време. Не велам да не штарјкуваат, но тоа може да го прават во јуни, јули, август.  Наставниците пред сè треба да размислуваат како педагози.  Јас не велам дека не се потребни поголеми плати во образованието, но ајде да погледнеме од другата страна. Дали се зголемила продуктивноста кај наставниците?, Дали повеќе вложуваат во знаењето на нашите деца? Дали нашите деца повеќе знаат? Сметам дека треба да се врати екстерното тестирање кое пред сè беше за да се провери ефективноста и посветеноста на наставникот. Ако наставниците се добри и покажале добри резултати, на тие наставници да им се зголеми платата, а не на сите! И навистина, не помина ни еден месец од покачената минимална плата, а просветарите веднаш на штрајк. Преговорите нека продолжат, но не треба да страдаат децата“, вели родител за Фронтлајн, чиешто дете е ученик во основно училиште во Општина Ѓорче Петров.

Друг родител вели дека неговото дете, коешто е ученик во основно училиште во Општина Чучер Сандево, е соодветно згрижено и дека наставата се одвива нормално. Смета дека секој треба да има повисока плата и подобар животен стандард, но дека децата не треба да се мета на нивните цели.

„Поддржувам секој да добие повисока плата, секако според заслугите. Но треба да се земе предвид дека образованието на децата е најважно, а во изминатите две години поради онлајн наставата и низа други проблеми кои настанаа поради пандемијата со Ковид-19, токму децата беа најпогодени“, вели родителот.

Ресорниот министер Јетон Шаќири, вчера рече дека со одлуката за штрајк ,се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година, бидејќи имаше и одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со Ковид-19.

Ивана Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

July 18, 2025

Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

July 18, 2025

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk