Русија ќе го забрза посвојувањето на украинските деца „насилно депортирани“, откако нивните родители беа убиени од војниците на Путин, велат властите.
Украинската народна правобранителка за човекови права изјави дека руската влада подготвува закон за да им дозволи на Русите да посвојуваат украински деца насилно однесени во Русија од воените сили, пренесува Insider.
Таа исто така изјави дека досега над 121.000 деца биле „депортирани“ од руската влада.
Во изјавата на Фејсбук, Људмила Денисова напиша дека Руската Федерација го менува законодавството за да дозволи „забрзана процедура на посвојување деца од Донбас“.
Таа додаде дека украинските власти немаат информации за децата кои наводно се обработуваат за посвојување од Руси.
„Сега Русите, пукајќи ракети и со тенкови врз домовите на украинските граѓани, убиваат родители и ги киднапираат нашите деца на окупираните територии на Источна и Јужна Украина“, рече таа.
Исто така, украинскиот претседателски советник за правата на детето Херасимчук Дарија на Фејсбук напиша: „Таквото посвојување е кршење на правата на детето. Особено, ова ги прекршува правилата на Конвенцијата на ОН за правата на детето“.
Првите случаи на депортација во Русија беа пријавени на крајот на март, кога Пјотр Андрјушенко, помошник на градоначалникот на Мариупол, рече дека 4.000 до 4.500 жители на Мариупол биле „насилно“ преместени, без нивните пасоши, во рускиот град Таганрог.
На 8 април, ОН соопштија дека од досега 1626 официјално убиени Украинци, 63 биле деца.
М. А.