Од Министерството за култура и информатичка политика велат дека во пет европски земји веќе се отпечатени 25.716 книги на украински за децата бегалци, пишува Interfax.
„Поради руската агресија, многу украински семејства беа принудени да ја напуштат земјата за да ги заштитат своите деца од експлозии и истрели од напаѓачите. Честопати тие ги напуштаа своите домови само со најпотребните работи. Но, децата се деца. Тие треба да си играт, учат и да читат. А тоа се нашите деца. Не смееме да изгубиме контакт. Книгите на украински ќе помогнат да се зачува културата а читањето ќе придонесе за психолошка поддршка на децата во овие тешки времиња“, рече министерот Олександр Ткаченко.
Забележано е дека со поддршка на Украинскиот институт за книга и Министерството за култура на Украина, книгите се веќе достапни во Норвешка, Шведска, Литванија, Полска и Ирска.
Превод: Жорж Димовски