Освен руската воена инвазија на Украина, која според сите аналитичари е бавна и неуспешна, Русија во последните години е позната и по ширењето на дезинформации, лажни вести и пропаганда низ различни држави во светот. Сепак, ваквата руска машинарија „згази во кал“ во земјава при референдумот за името и влезот на Северна Македонија во НАТО.
Како главни пропагандисти на Русија против влелгувањето на земјава во НАТО се истакнаа партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев и движењето Бојкотирам. Нивни дезинформации, лажни вести и пропагандистички ставови беа споделувани по стандардните канали за ширење на руска пропаганда.
Како што пишува „Вистиномер“ дезинформирачките кампањи беа главно фокусирани врз прашањата за идентитетот и името, и кај дел од нив беше забележливо експлицитно руско влијание. Тоа беше несомнено во кампањата предводена од лидерот на „Единствена Македонија“, кој мобилизира на „света борба“ за „опстанок на цел еден народ“ и обвинуваше дека се води скапа „антимакедонска кампања“ за „уништување на македонскиот народ“. Меѓутоа, други подоцнежни анализи посочуваа дека неколку испреплетени кампањи ја подриваа поддршката за референдумот за промена на името, укажувајќи на „комплексна мрежа на актери исплетена во повеќе земји“, од кои дел е и „пропагандната машинерија на Орбан“ составена од десничарски медиуми на Балканот.
Сепак, притисокот на Русија, нивните дезинформации дека со Договорот од Преспа и влезот во НАТО ќе се распадне Македонија, не запалија кај македонските граѓани.
Собранието го изгласа Договрот од Преспа и Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, со заштитен идентитет и јазик, наспроти руската пропаганда дека со прифаќањето на Договорот од Преспа ќе се избрише се што е македонско.
На крајот, руската пропаганда во земјава се соочи со неуспех, а со зајакнувањето на активната транспарентност на Владата и борбата против лажните вести, ваквите дезинформации се помалку може да „запалат“ во земјава.