ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Спасовски: Ѓорѓиевски се криел во Скопје, знаевме дека не ја напуштил земјава

April 13, 2022 22:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека Анџело Ѓорѓиевски, еден од првоосомничените за убиството на ракометарот Денис Тот од Хрватска, по сите оперативни информации и стеснет простор е пронајден и приведен во станицата во Аеродром. Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагите, нагласи, мора да се водат низ институциите, јавува МИА.

– Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа, рече Спасовски вечерва во 24 анализа на телевизија 24.

Спасовски нагласи дека се покажало деновиве и во сите процесни дејствија преземени дека нема ниту во еден момент, ниту помисла, ниту причина, ниту мотив, да се скрие убиство.

– Политиканства од типот барање врска помеѓу нешто што се случувало за времето на режимот и ова што се случува сега, апсолутно не може да се воспостави и тоа е аргументирано со повеќе факти. Не би сакал вечерва или било кога да навлегувам во какво било политиканство и да правиме какви било паралели. Ефикасноста на сите институции и на полицијата, и на Јавното обвинителство, мерки преземање врз основа на сите процедури што се во вакви ситуации придонесоа да се затвори целиот случај, рече Спасовски.

Обвинителот Гаврил Бубевски изјави дека во рок од 24 часа се обезбедени скоро сите докази за овој настан, а во рок од седум дена постапката веќе има осомничени лица, кои се во притвор, против нив постапката сега засега се води за кривично дело убиство. Во текот на постапката ако се приберат други докази кои ќе укажуваат на други докази како настапила смрта и дали има некаква индикација дали лицето било свесно додека било удирано во главата, тоа може да предизвика потешка правна квалификација, ќе биде јавноста известена.

– Во овој момент додека не ја добиеме наодот од Институтот за судска медицина, ова е правната квалификација, предметот се процесуира, се собираат докази, се прибираат изјави на сведоци. Во текот на наредната недела ќе бидат испитани и осомничените и за многу брзо време овој предмет ќе добие и судска постапка, изјави обвинителот Бубевски во 24 анализа.

Според него, изјавата од Клиничкиот центар дека при првичниот преглед не се утврдени траги од насилство на телото на сега починатиот ракометар, е лоша проценка.

– Проценка е дека во тој момент не ги виделе повредите што биле на главата. Тие си постапувале медицински за да го излекуваат лицето колку можат. Тоа е нивната проценка, но се покажа дека е лоша проценка, не е друг во прашање, изјави меѓу другото обвинителот Бубевски.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ да одговори како се поврзани Мицкоски и компанијата на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk