„Јас сум горд што Северна Македонија е на страната на мирот, на сигурноста, на безбедноста, заедно со целиот демократски свет и особено заедно со НАТО”, изјави експремиерот Зоран Заев во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“.
Тој додаде дека војната мора да биде заменета со мир и насилството да се замени со дијалог.
„Нема ниту едно оправдување во 2022 година да сведочиме воени инвазии врз демократска и суверена земја, врз население кое одлучило да создаде своја, независна држава. Украина и Европа веќе нема да се исти”, рече Заев.
Поранешниот премиер рече дека светот веќе никогаш нема да гледа на руските власти на ист начин, бидејќи Русија избра насилство и поради тоа предизвика лавина санкции од демократскиот свет.