ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Ѝ нудам на Русија да го замениме Медведчук за нашите девојчиња и момчиња во руско заробеништво

Денес во Русија повторно се слушна дека нивната таканаречена „специјална операција“ наводно се одвива според планот. Но, да бидам искрен, никој во светот не разбира како воопшто може да се појави таков план. Како може да се појави план кој предвидува смрт на десетици илјади свои војници за малку повеќе од еден месец војна? Кој би можел да одобри таков план? И кое е конечното ниво на нивните загуби кое е прифатливо за оваа личност? Десетици или уште стотици илјади мртви Руси? Очигледно, во Москва никој не го вознемирува бројот на убиени украински цивили.

April 13, 2022 12:01
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на Украина директно зависи од силата на нашиот отпор во сите негови форми, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во најновото обраќање.

„Нескршлив народе на најхрабрата земја!

Се сеќавате ли како Русија се фалеше дека ќе го заземат Кијив за 48 часа? Наместо тоа, Украина го одвраќа непријателот веќе 48 дена. Денес вреди да се сетиме на тоа.

Да се сетиме дека руското раководство се надеваше дека ќе ја види парадата на окупаторите на Хрешчатик веќе неколку дена по 24 февруари, по почетокот на инвазијата. А наместо тоа секојдневно гледа тенки редови на окупатори, кои нашите бранители ги испраќаат во пеколот.

За 48 часа, кои веќе се растегнаа на 48 дена, руската армија достигна ниво на непоправливи загуби повисоки од оние на Советскиот Сојуз во 10-годишната војна во Авганистан. Повисоки од оние на Русија – за двете војни во Чеченија.

Вкупниот список од „две стотинки“ за Русија веќе наскоро ќе достигне 20 илјади. Буквално деновиве, ако не уште вечерва.

А потоа што? 30 илјади убиени? 40 илјади?

Денес во Русија повторно се слушна дека нивната таканаречена „специјална операција“ наводно се одвива според планот. Но, да бидам искрен, никој во светот не разбира како воопшто може да се појави таков план. Како може да се појави план кој предвидува смрт на десетици илјади свои војници за малку повеќе од еден месец војна? Кој би можел да одобри таков план? И кое е конечното ниво на нивните загуби кое е прифатливо за оваа личност? Десетици или уште стотици илјади мртви Руси? Очигледно, во Москва никој не го вознемирува бројот на убиени украински цивили.

Велат дека прават се за доброто на народот, за доброто на Донбас… Но дури и во време на Втората светска војна Донбас не видел таква суровост за толку кратко време. И од кого? Од руските трупи.

Во Донбас се повтори приказната за блокадата на Ленинград. Зошто? Што би рекле за ова луѓето кои загинале или за малку ќе загинеле во Ленинград за време на нацистичката блокада? Што би рекле тие за блокадата на Мариупол?

Од Русија денес беше соопштено и дека масовните убиства извршени од руските војници во Буча наводно биле „инсценирање“.

Поради некоја причина, сè уште не ги прокоментираа масовните убиства во Бородјанка, Гостомел, Макаров, градовите и селата во Чернигивската, Харкивската област, во Донбас.

Во светот нема толку „луѓе кои инсценираат“ колку што има убијци во руската армија.

Одговорноста за воените злосторства е неизбежна.

Како пример, можам да го наведам денешниот резултат на Службата за безбедност на Украина.

Многу е симболично што г-дин Медведчук беше приведен токму на Денот на космонаутиката.

Тој се криеше 48 дена. Но, конечно реши да се обиде да избега од нашата земја. Па, за овој „астронаут“ – во лоша смисла на зборот – не функционираше познатото „Да одиме!“.

Сметам дека е особено цинично од негова страна да користи воена камуфлажа. Се обиде така да се маскира. Еве таков „војник“. Еве таков „патриот“.

Па, ако Медведчук си избра за себе воена униформа, тогаш тој потпаѓа под правилата на војната.

Ѝ нудам на Руската Федерација да го замениме овој ваш човек за нашите момчиња и нашите девојки кои сега се во руско заробеништво. Па важно е нашите органи за спроведување на законот и војската исто така да ја разгледаат оваа можност.

Сè повеќе има сведоштва и други официјални податоци на истрагата за ужасните злосторства на окупаторите во областите каде што, за жал, можеле да влезат. За нечовечката суровост на руската војска кон жените и децата. За многубројните силувања.

Не сите сериски силувачи го достигнуваа нивото на бруталност до кое стигнаа руските војници.

Се разбира, ние ќе ја утврдиме целата вистина за сите овие нелуѓе. Колку и да е потребно време и труд, ќе ги најдеме сите.

А Медведчук нека ви биде како пример. Ниту поранешниот олигарх не се спаси. Што да се зборува за многу поедноставни криминалци од руската заднина. Ќе дојдеме до сите.

Со големо внимание ги земаме вчерашните известувања за употреба на муниција со отровна материја во Мариупол против бранителите на градот.

Сè уште не е можно да се извлечат стопроцентни заклучоци за каква супстанца станува збор. Јасно е дека е невозможно да се спроведе целосна истрага и целосна анализа во блокираниот град.

Но, со оглед на постојаните закани на руските пропагандисти за употреба на хемиско оружје против бранителите на Мариупол и имајќи ја предвид повеќекратната употреба на муниција како што е фосфорната во Украина од страна на руската армија светот мора да одговори сега. Да реагира превентивно. Затоа што по употребата на оружје за масовно уништување, каков било одговор нема да промени ништо. И тоа само ќе изгледа како понижување за демократскиот свет.

Денес во моето обраќање пред парламентот, народот на Литванија, а во исто време и до сите европски народи, истакнав дека шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија задолжително мора да ја содржи нафтата.

Доволно се умножуваа недоволно силни пакети санкции. Сепак, ќе мора да се признае дека само напуштањето на енергетските ресурси на Русија од страна на Европа и целосното ограничување на рускиот банкарски систем може да биде аргумент за руското раководство да бара мир. Без ова, Москва бара воено решение.

Денес разговарав и со австрискиот канцелар Негамер, кој ден претходно се сретна со рускиот раководител. Разменивме детали за оваа средба.

Многу луѓе сакаат да се веселат на сметка на окупаторите, да ги тролаат нивните неуспеси, нивото на обука на нивните војници и сомнителниот квалитет на „најновата“ руска технологија, која е развиена во последните 20 години и е инфериорна во однос на советските модели. И со право. Тоа е справедливо.

Но, во исто време, мора да разбираме дека не сите руски тенкови се заглавени на теренот. Не сите непријателски војници едноставно бегаат од бојното поле. И не се сите тие регрути кои не знаат правилно да држат во раце оружје.

Тоа не значи дека треба да се плашиме од нив.

Тоа значи дека не смееме да ги омаловажуваме заслугите на нашите војници, нашата армија.

И сакам повторно да им се заблагодарам, на сите наши бранители и бранителки. Не се заморувам да го правам тоа. И сакам ние да не се заморуваме да им го кажуваме најважното: ние веруваме во вас. Ние се гордееме со вас. Ние ви се восхитуваме.

Се гордееме и со сите наши луѓе кои и покрај окупацијата излегуваат на улица. Протестираат. Ги протеруваат окупаторите колку што можат. Се гордееме со сиот наш народ!

Токму затоа секогаш треба да се потенцира дека ако ни се окупирани градовите и селата, тоа е само привремено. И тие дефинитивно ќе бидат ослободени.

Ќе бидат ослободени од нашите херои. И тоа не само со силата на оружјето, туку и со силата на духот.

Таков дух, кој речиси секојдневно го демонстрираат Украинците и Украинките во градовите и селата на југот на нашата земја. Во оние области кои руските трупи привремено ги окупираа и кои нашата армија засега не ги ослободила.

Без разлика на се, треба да им се спротивставиме на окупаторите. Тешко е, знам. Мора да се бориме. Да протестираме. Да ја браниме нашата национална државност.

И задолжително да ги казнуваме колаборантите. Нека прават „ХНР“ некаде кај себе во Хакасија, а не во нашиот роден украински Херсон.

Иднината на Украина директно зависи од силата на нашиот отпор во сите негови форми.

Иднината на сите нас. На секој наш град, секое наше село.

И јас сум му благодарен на секој и секоја што го разбираат ова. Кој не престанува да се спротивставува дури и кога се чини дека резултатот е многу далеку. Затоа што најтемното време е секогаш пред зори.

И посебно сакам денес да им кажам нешто на оние херои на кои им е многу тешко. На оние кои го бранат Мариупол. На маринскиот баталјон на 36-та поморска бригада. На одредот за специјални намени „Азов“, на 12-тата оперативна бригада на Националната гарда на Украина. На одделите на Државната гранична служба. На доброволците на „Десниот сектор“. На 555-тата воена болница и на вработените на Националната полиција.

На сите воени лица кои се борат во ООС, кои го бранат Харкив, Харкивската област, на целата воена група која ја брани Запорижската област, го брани југот. Посебна благодарност до 92-та, 93-та, 95-та бригада. Лично на генералот Наев. И бескрајно сум им благодарен на сите! Во име на сите Украинци.

Пред неколку минути потпишав три укази. На 419 воени лица на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди. Од нив 72 постхумно.

Исто така, државни награди добија и 30 воени лица на Главната разузнавачка управа на Украина.

Титулата Херој на Украина му беше доделена на потполковник Василев Дмитро Миколајович, командант на ракетната дивизија на 19-тата ракетна бригада. Постхумно.

Вечна слава на сите наши херои!

Вечен спомен на секој, кој загина за Украина!

Неизбежна казна за сите наши непријатели.

Слава на Украина!

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран се уште не потврди средба со САД за следната недела

June 27, 2025

САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина

June 27, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk