Во моментов екипите на противпожарна служба со шест возила се на терен, поддржани од МВР и се борат со големиот пожар кој зафати дел објектите во „Треска“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите. Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата. Заради настанатиот метеж во овој дел апелирам оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот“, пишува во објавата.