Емисиите на цврсти честички на двете мерни точки во производните погони на Макстил се до 4 пати пониски од дозволените гранични вредности пропишани според Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат редовните мерења што се прават во компанијата. На емисиона точка Оџак од филтер постројка, каде дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3 во првите три месеци од годината највисока вредност е измерена во месец март и изнесува 5,53 mg/Nm3. На втората мерна точна, Оџак на пескара во истиот период измерена е вредност на цврсти честички од 9,24 mg/Nm3, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 mg/Nm3, пишува во соопштението на Макстил.
„Компанијата Макстил започна пракса на редовно објавување на резултатите од мерењата на двете мерни точки коишто се споредуваат освен со вредностите од Министерството за животна средина, уште и со стандардите според А-интегрираната еколошка дозвола и пропишаните европски гранични емисиони вредности. Во целиот период откако се прави мерењето, вредностите измерени во Макстил секогаш се неколкукратно пониски, а некогаш и до 20 пати помали од дозволените гранични вредности според која било од трите референтни скали и досега ниту еднаш не биле над овие граници.
Редовното објавување на мерењата се резултат на заложбите на компанијата за општествено одговорен и транспарентен однос, а минималните вредности на емисионите вредности се должат на инвестициите на Макстил во современи технолошки и безбедни производни процеси.
Во прилог на ова соопштение е пресекот на работењето на компанијата во првите три месеци од 2022 година“, се вели во соопштението на Макстил.