Анализата ќе се спроведува до лето, со што ќе се тестира подготвеноста на земјата за членство во ЕУ, пишува News.
При одлучувањето за пристапување на Украина во Европската унија ќе се оценуваат два клучни критериуми – степенот на развој на демократијата и пазарната економија. Ова го изјави шефот на делегацијата на ЕУ во Украина Мати Масикас во етерот на сеукраинскиот теле-маратон.
„Европската комисија ќе земе предвид два главни критериуми во случајот со Украина: демократија и пазарна економија“, рече тој.
Според претставникот на ЕУ, европските експерти ќе ја анализираат усогласеноста на Украина со овие и други критериуми до јуни. И тоа ќе се случи по забрзана постапка. Анализата ќе даде оценка по која ЕУ ќе донесе конечна одлука.
Превод: Жорж Димовски