ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Што со пропуштената настава, дали за учениците и родителите е прифатливо да се учи по 10 јуни или во саботи?!

ДиЏовани од УНИЦЕФ нагласува дека состојбата во образованито и онака е далеку од добра, затоа што повеќе од половина од учениците на 15-годишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки.

April 14, 2022 13:16
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе четврти ден трае штрајкот на Синдикатот за образование, наука и култура. Повеќето ученици од основно и средно образование се на „принуден распуст“, а индивидуална е и сликата во градинките. Во повеќето градинки децата се згрижени, и покрај штрајкот. Бидејќи принципот и начинот на работа во градинките и училиштата е различен, во однос на тоа дека градинките работат и за време на летниот период а училиштата не, прашање е како учиниците ќе ги надополнат загубените часови и ќе го совладаат материјалот којшто го пропуштиле.

Според првиот човек на СОНК, има повеќе варијанти, но едната можеби не е прифатлива за Министерството за образование, а другата пак, е неприфатлива за учениците и родителите.

„Има повеќе варијани. Во рамките на работното време, после штрајкот и по регуларните часови, да се надоплнат изгубените часови. Втората варијанта е да се надополнат часотвите после 10 јуни, на распустот, што за наставниците нема да претставува проблем бидејќи тие се на работа од 15 јули, но нема да се согласат родителите и учениците. Наставниците, воспитувачите и негувателите секако ќе бидат на работа, нели и во зависнот на тоа колку и кога ќе користат одмор. Но тоа „ќе падне“ на грбот на учениците. Но секако ќе се бориме тоа да не биде така. Најсоодветно решение е да нема продолжување на наставата во текот на распустот“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков за дневникот на Сител.

На вчерашната средна на СОНК и МОН,  ресорниот министер Јетон Шаќири изјавил  дека секој нереализиран наставен ден поради штрајкот, значи продолжување на наставната година по 9-ти јуни.

„Ситуацијата би предизвикала и пролонгирање на сите претходно утврдени рокови за полагање на училишна матура, за уписи во средни училишта, но и во високообразовните установи во земјата и во странство. Исто така, неработењето на училиштата го оневозможува правото на околу 500 наставници да полагаат стручен испит како основа за понатамошно вработување на неопределено работно време, потенцирал министерот.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека, за жал, најпогодени се учениците и навистина жали за ваквата ситуација и токму затоа, како што вели тој, апелира што е можно поскоро да се дојде до решение.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вчера повика да се прекине штрајкот и да се продолжат преговорите со сите чинители.

„СОНК ја прати пораката. За жал, децата се тие коишто ја плаќаат највисоката цена. Сметам дека СОНК би требало да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса со сите други чинители и социјални партнери, изјави Битиќи по посетата на компанијата „Костел“ во Охрид.

Што мислат родителите и учениците 

Родителка на ученик во основно училиште за Фронтлајн вели дека не се согласува наставата да се одвива надвор од предвиденото време за настава или пак за време на распустот. Според мајката, станува збор за терање на чиста политика врз грбот на децата.
„Повторно опциите за продолжување на училишната година, кратење на наставната програма, учење во саботи, дополнителни часови се предмет на разгледување само за наставиците. Нас кој не прашува? Ние треба да прифатиме сè што ќе ни се сервира? Нема друга опција освен сега и веднаш наставниците да се вратат на работа. Нели им се најважни децата?! Се знае школската година трае до 10 јуни. И сега што децата треба да бидат “жртви“ а родителите да се солидаризираат затоа што тие упорно мислат само на себе. И децата треба да имаат распуст, и децата треба да имаат слободно време, воннаставни активности. Ова не е одмор и “коцкање“ со децата. Ова е терање на чиста политика врз грбот на нашите најмили, вели родителката.
Родител на момче во средно училиште вели дека тој би сакал секој во земјава да зема поголема плата и сечии права да бидат задоволени, и смета дека наставниците треба да имаат многу повисоки примања, но дека треба секогаш на прво место да им се учениците и квалитетот на образованието.
„Јас навистина сум за поголеми плати во образованието, и во ској сектор. Секој заслужува достојно да си го згрижи семејството. Меѓу наставниците има и многу родители, а некои во иднина ќе станат. Како и да е, не е во ред за овие генерации да трпат такви загуби последователно. Пандемија, распуст… На децата можеби и им одговара да се слободни, но се губи рутина, континуитет, желба, а нели треба сите како општество да ги научиме на одговорност и хуманост. Наставникот не е само педагог и воспитувач, наставникот е и пример, морален столб“, вели родителот.
Друг родител пак, кој е татко на ученик во основно училиште вели дека секогаш е за повисоки плати за сите, но дека додека ги чуваат децата кога не се на училиште, и тие пропуштаат да одат на работа.
Додека децата остануваат дома, некој треба парите потребни за исплата на повисоки плати и да ги заработи. Кој ќе ги чува децата?
Средношколка од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ исто така не се согласува децата да го понесат најголемиот товар и да им биде скратен летниот распуст.
Во понеделникот бевме на училиште и имавме само два часа. Од 102 професори во нашето училиште, 60 штрајкуваат. Еве денеска треба да одиме само на еден час. Се договоривме цел  клас да не одиме. Не е наша вина што не одиме на школо. Нека се договорат наставниците, но ние полсе 10 јуни не сакаме да доаѓаме на настава, бели средношколката.

Кој реагира за правата на децата

Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава, вчера повика на итно наоѓање на решение за да се избегне прекинот на наставата кој е штетен за децата.

„Сите имаат право да ги заштитат своите работнички права со штрајк. Во исто време, децата во Северна Македонија не можат да си дозволат дополнителен прекин на наставата и учењето. Мора да се изнајде брзо решение кое ќе им одговара на сите страни, а особено на децата, рече ДиЏовани.

Според неа, кризата во образованито трае веќе подолго време, децата за време на ковид-19 пандемијата 54 недели пропуштија настава со физично присуство, а исто така и зимскиот распуст беше продолжен со што децата изгубија настава повеќе од една недела.

ДиЏовани нагласи дека ситуацијата е веќе алармантна, затоа што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки.

Патриција ДиЏовани – УНИЦЕФ

Реакција пристигна и од Здруженитео на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје. Оттаму ги повикуваат политичките партии да ги деблокираат легислативните процеси во парламентот, затоа што, како што се вели во соопштението, политичарите мора да работат во полза на јавниот интерес.

„ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи во чија работа веќе 23 години се вградени заложбите за социјална правда и недискриминација, ја изразува поддршката за барањата за повисоки плати на работничките и работниците во сите сектори. Оттаму, ЦИВИЛ принципиелно се залага за повисоки плати за вработените и во образованието. Но не врз грбот на децата, односно ученичките и учениците во основните и средните училишта! Тие имаат фундаментално право на образование. ЦИВИЛ упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата и градинките на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси“ , пишува во соопштението.

Според Цивил, политичките партии, наместо да се конфронтираат и да го блокираат Собранието, имаат обврска да овозможат донесување законска регулатива со која ќе се подобрат условите за децата и за наставниот кадар и ќе се надмине долгогодишната криза во образованието.

Ивана Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk