За пожарот на предводникот на руската Црноморска флота бил информиран претседателот на државата агресор Владимир Путин, а руското Министерство за одбрана тврди дека крстосувачот „Москва“ уште плови, се молчи за причините за пожарот.
Ова се наведува во пораката на Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесува „ДС“ повикувајќи се на РИА Новости.
Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин бил информиран за пожарот на ракетниот крстосувач „Москва“, но одби да прецизира како шефот на Руската Федерација реагирал на оваа вест.
„Не можам да ви кажам ништо. Што се однесува до војската, извештаите редовно се испраќаат до врховниот командант“, рече Песков. Тој не одговори ниту на новинарското прашање што точно се случило на бродот. „Ова е тема на Министерството за одбрана“, додаде Песков.
„Пожарот на крстосувачот Москва е локализиран. Нема отворен оган. Експлозиите на муниција се запрени. Главното ракетно вооружување не е оштетено. Екипажот е евакуиран на бродовите на Црноморската флота на Руската Федерација во областа Се преземаат мерки за влечење на крстосувачот до пристаништето“, соопшти Министерството.
Да потсетиме, шефот на Регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, рече дека знаменосецот на руската Црноморска флота, крстосувачот “Москва“ се запалил откако бил погоден од украинска ракета Нептун.
Директорот на Институтот за проучување на рускиот поморски потенцијал при Американскиот поморски воен колеџ, професор Мајкл Петерсен изјави дека ракетниот напад на украинската морнарица врз крстосувачот „Москва“ е важна победа на море.
Превод: Жорж Димовски