ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Охрид станува жариште на цементот-становите ќе се продаваат и над 1.800 евра за метар квадратен

April 15, 2022 21:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2021 година на ниво на држава се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува 3.837.810 илјади денари, што е за 3.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

При крајот на 2021-ва година на Охрид му се издадени 11 дозволи за градење на згради.

„Во Охрид во декември минатата година биле издадени 11 одобренија за градби, од кои 10 на физички лица и 1 на деловен субјект. Предвидена е изградба на 8 станови со површина од 891 м2, од кои 2 двособни, 3 четорособни и 3 петособни“,  велат податоците од ДСЗ.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, на ниво на држава 228 (60.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (11.1 %) за објекти од нискоградба и 108 (28.6 %) за објекти за реконструкција.

Но локацијата на градбите е проблематична за дел од жителите на Охрид. Новите згради што се градат во централното градско подрачје предизвикуваат немир и тревога кај граѓаните, што од безбедносни но и од приватни причини.

Екипата на Фронтлајн, имаше можност да поразговара со еден од староседелците на булеварот „Турситичка“ до населбата Бејбунар до чија зграда, веднаш се гради нова зграда.

Изградба на нова зграда во населбата Бејбунар

“Јас сум тука скоро целиот мој живот, можете да забележите колку сум стар – вакво нешто до сега немало. Неколку години наназад протестиравме за зградата која што се изгради позади и се залепи до старите згради, но немаше никаква можност да се спречи таа града – бидејќи земјиштето веќе било продадено. Сега две години подоцна, повторно исто. Ова земјиште што го гледате е приватна сопственост – точно, но во далечното минато истото е исплатено и луѓето се обештетени – сега повторно истите ги обжалуваат жалбите, државното земјиште го враќаат на општината, општината на нив и потоа тоа се продава на инвеститори. Реално, нема никаква правна отстапка и нормално дека ќе се добие на секој суд – но, прашањето на нас постарите ни е, кој ќе остане да живее тука кога ќе си се гледаме во прозори едни со други? За наше добро и за доброто на градот, треба да се намали со градба. Луѓето сакаат финансии и тоа е нормално, квадрат во Охрид скокна до 1200евра, но не по цена на мирен живот”, вели Охриѓанецот со мака и желба за зачувување на својот град.

Во 2019 година Охриѓани се соочија со истиот проблем, на локација слична до денешната, тие протестираа против изградба на зграда. Три години подоцна, зградата е веќе направена, а правно не може никако да се реагира, бидејќи имотите се приватни и се продадени на инвеститор, нешто што се случува и сега.

Слика од 2019т година – сега веќе има изградена нова зграда

Но проблемот на градежната експанзија не е само овој регион, туку се гради низ цел Охрид, особено во делот на Градската болница.

 

1 of 4
- +

1. Згради во изградба во пределот на Охридската Градска Болница

2. Згради во изградба во пределот на Охридската Градска Болница

3. Згради во изградба во пределот на Охридската Градска Болница

4. Згради во изградба во пределот на Охридската Градска Болница

Екипата на Фронтлајн стапи во контакт и со сопственик на станови веќе изградени, но и во изградба. Цените се движат од 1.390 евра за метар квадратен, но шокантно е она што се очекува таа цена да нарасне од 1.550 евра, до 1.850 евра за метар квадратен.

И Охридското крајбрежје е исто така мета на инвеститорите, и тука на големо се градат згради и се реставрираат постари објекти.

 

1 of 3
- +

1. Згради во изградба на Охридското крајбрежје

2. Згради во изградба на Охридското крајбрежје

3. Згради во изградба на Охридското крајбрежје

Сопственикот на станови со кого разговаравме, на прашањето дали и покрај економската криза сè уште има побарувачка на станови, одговори дека побарувачка има и истата ќе продолжи да расте, па кој си купил, ќе си има стан.

Охрид полека, но сигурно станува жариште на цементот, додека статусот на УНЕСКО виси на конец. Северна Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство имаа обврска до 1 февруари оваа година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

М. Миткоска и В. Крстевски

Next Post

Маричиќ: Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk