Го советуваше дека е подобро да се биде дезертер отколку „карго 200“*, пишува Varta1.
Рускиот напаѓач му оставил проштална порака на својот брат: го повикува да не војува во Украина. За тоа сведочи гласовна порака што СБУ ја пронашла на телефонот на починатиот војник.
“Ослободителот“ се обидел да го предупреди својот брат дека сè уште може да живее со отворена кривична постапка за дезертерство, но единствениот начин да се врати од војната во Украина е како “карго 200“.
За напаѓачот, сликата на „големата војска“ се покажа дека не е воопшто радосна. Според него, руската команда не се грижи за нив и „никој овде воопшто нас не смета за луѓе, сите го знаат тоа. Овде нашите луѓе, по ѓаволите, само умираат а телата никој не ги собира. Ако само се оддалечиш од колоната, едноставно не си свртел каде што и сите, никој нема да те бара“.
„Се надевам дека пратката со натпис “карго 200“ ќе биде уште еден аргумент за мојот брат дека не вреди да доаѓа овде“, се вели во соопштението.
* “Карго 200“ (руски: “Груз 200“) терминот е воен жаргон кој се однесува на трупови на војници во метални ковчези за воздушен транспорт.
Превод: Жорж Димовски