Во близина се поставени и автомобили на цивили застрелани од руските окупатори. Ова го пренесе Радио Свобода. Во градот имаше сериозни борби меѓу единиците на вооружените сили на Украина и напаѓачите.
Во Буча во областа Киев „гробиштата на автомобили“ станаа уште еден доказ за злосторствата на руските окупатори. На застреланите автомобили, особено добро се гледаат таблички со натпис „Деца“.
Во Буча и неговата периферија, Русите неселективно пукаа во невооружени Украинци. Животот на многумина од нив заврши токму во моментот кога луѓето се обидуваа да ја напуштат воената зона или, обратно, се обидуваа да достават хуманитарна помош до локалното население.
Како што објави ОБОЗРЕВАТЕЛ, во Буча, регион Киев, службениците за спроведување на законот продолжуваат да ги ексхумираат телата на жителите на регионот во една од масовните гробници. Кај повеќето загинати биле пронајдени рани од куршуми.
Превод: Жорж Димовски