ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Се стремиме за демократски и либерални вредности

Според Османи, коментарот вчера на бугарското МНР се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 којшто уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени па после тоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст.

April 16, 2022 19:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Се стремиме за демократски и либерални вредности рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на денешната куса средба што во Битола ја имаше со бугарскиот премиер Кирил Петков и неговата колешка, министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.

Османи и Петков ги потврдија заедничките напори кои земјава ја водат кон Европската Унија.

– Јас сум во комуникација со министерката, а денеска имавме можност да разговараме и со премиерот. Тоа што зборувам јас за документ, всушност е за португалскиот кој што се уште е основа за постигнување на договор што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во текот на овој период, меѓутоа сметам дека тој предлог останува во сржта на наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни.

Според Османи, коментарот вчера на бугарското МНР се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 којшто уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени па после тоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст.

– Меѓутоа, тие прашања се помалку важни. Битно е да продолжи комуникацијата. Очигледно, како што реков, и во Бугарија ова доста предизвикува различни ставови па и во рамки на коалицијата. Нашите позиции се јасни. Ние се движиме во рамки на позициите кои што ги имаме во Парламентот. Сметаме дека предлогот на меѓународната заедница е единствениот официјален предлог на ЕУ претставен преку тогаш португалското претседателство што беше преземено потоа од словенечкото претседателство и понатаму останува тој документ – португалскиот предлог што ние сме го прифатиле и сметаме дека треба да биде основа за решение, рече Османи.

Шефот на дипломатијата оцени дека овие чести средби мислам можат само да ја подобрат таа динамика и покрај сите разлики.

– Очигледно дека имаме разлики. Имаат разлики партиите внатре во Бугарија, имаат и нашите. Не е лесно. Комплексно прашање е, меѓутоа ние сме должни како политичари да испорачаме на граѓаните европска перспектива притоа штитејќи ги нашите интереси. Покажавме дека можеме да го штитиме нашите интреси, инаку ќе имавме решение многу подамна, истакна министерот Османи и додаде дека целта е Европската унија да се соедини во овие демократски и либерални вредности кон кои сите се стремиме, истакна Османи.

Бугарскиот премиер Петков на кратката средба со Османи ги потврди целите на зачестените средби со македонскиот политички врв.

– Често се среќаваме. Имаме јасни задачи и сега треба да создадеме услови за тие да напредуваат. Сите веруваме и силно сме убедени дека европската иднинина на Северна Македонија е важна за стабилноста на Балканот. Јас верувам во тоа и нашата Влада верува во тоа, и ќе продолжиме оперативно да дејствуваме по задачите кои што си ги зададовме, изјави Петков.

Гостувањето на премиерот Петков со владина и парламентарна делегација од Бугарија во Битола беше врзано со отворањето на клуб на културниот центар „Иван Михајлов“ за кој како што информираше министерот Османи бил настан во организација на Клубот и на бугарската Амбасада.

– Ние не бевме вклучени во тој дел. Тоа беше иницијатива на Амбасадата. Ние учествувавме во делот на презентација на далекуводот Битола – Елбасан кој што е дел од Коридорот 8 и е важен за поврзувањето помеѓу двете држави инфраструктурно, вклучувајќи ја и дистрибуцијата на електрична енергија бидејќи Република Бугарија со ова ќе добие шанса да извезува струја не само во Албанија, туку и во Италија, појасни Османи во изјава за медиумите. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МЗ: 126 нови случаи на КОВИД-19, од нив 15 % реинфицирани

НАЈНОВО

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат заради лагите и манипулациите

October 11, 2025

ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025
ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk