Службата за безбедност на Украина неутрализираше моќна криминална група во Одеса, која соработуваше со непријателот и сакаше да се приклучи на окупаторските сили доколку руската армија го заземе градот, пренесува odessa-journal.com.
Водачите и членовите на криминалните групи, меѓу кои „Емил Варшавски“ и „Пајзулаев“, се приведени во голема специјална операција на Службата за безбедност на Украина и Националната служба за безбедност.
Соработниците одржувале контакти со претставници на Руската Федерација, им „пријавувале“ за ситуацијата во регионот и го тероризирале и заплашувале локалното население.
Некои членови на групата се приклучија на силите за територијална одбрана за да соберат информации за украинската војска во регионот на Одеса.
Уапсените лица мораа да „ловат“ службеници за спроведување на законот и патриотски активисти, според СБУ.
Сите членови на групата кои се државјани на Украина се приведени. Еден од водачите (странец) во моментов е протеран од Украина, а на друг, кој е во странство, му е забранет влезот.
Превод: Жорж Димовски