На територијата на величествениот дворец на кумот на Путин – Виктор Медведчук во Пушча-Водица, има нешто големо, покриено со зелена камуфлажна мрежа. Изгледа како стаклена градина или конзерваториум. Гледајќи под камуфлажната мрежа, можете да видите вистинска железничка платформа, а на платформата – вагон ресторан. Се чини дека кумот на рускиот претседател Путин, Виктор Медведчук, не сакал овој вагон да привлекува многу внимание – ако, на пример, имотот го снимаат новинари со дрон, пренсесува odessa-journal.com.
Медведчук е сега уапсен откако тој избега од домашен притвор во првите денови по рускиот напад на Украина. Неговата сопруга Оксана Марченко сега е во Москва.
„Поминуваме под камуфлажна мрежа и се наоѓаме на вистинска железничка платформа. Има шини, клупи за чекање, па дури и часовници и фенери. Над платформата виси името на станицата – „Далнаја“.
„На шините има син вагон ресторан со натпис со големи златни букви „Пулман“. Ова е името на компанијата која произведува луксузни автомобили и железнички вагони. Таквите вагон ресторани Пулман беа популарни во минатиот век, кога богатите Европејци патуваа со железница.
Вагон ресторанот се наоѓа на обновената железничка платформа, која наводно му ја подарила на Медведчук неговата сопруга Оксана Марченко за неговиот роденден.
„Најпрво мислевме дека семејството Медведчук го нарачало овој вагон од Пулман и ја проверивме неговата цена – луксузните вагони чинат до 2,5 милиони долари. Подоцна дознавме дека вагонот го направиле тотици украински занаетчии, дизајнерите едноставно „позајмиле“ скици од луксузната марка „Пулман“.
Сега се планира луксузниот вагон ресторан да се користи за превоз на деца или лица со ограничена подвижност. Внатре има главна сала за 40 лица, неколку посебни соби, кујна, ВИП-сепариња и тоалет.
Превод: Жорж Димовски