Многу земји во светот сега се заинтересирани за крстосувачките ракети „Нептун“ кои се произведени во Украина. Со таква ракета беше погоден рускиот крстосувач „Москва“, пренесе volyninfa.com.ua.
Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на претседателот, напиша за тоа на својата страна на социјалните мрежи. „Ракетите Нептун ги заинтересираја земјите во светот по успешното потопување на ракетниот крстосувач Москва“, рече Јермак.
Крилатите ракети Нептун се ниско-летачки противбродски ракети наменети за потопување на пловни објекти со тонажа до пет илјади тони. Крилатите ракети се направени во проектантското биро „Промин“ во Киев. Може да се истрела од бродови, авион или од копнени ракетни фрлачи. Во Украина е во употреба од 2020 година.
Превод: Жорж Димовски