Штрајкот на СОНК продолжува. Не е прифатена понудата од Владата за 10% зголемување на платите, изјави на денешната прес коференција, Јаким Неделков, претседател на СОНК.
„За 95 отсто од членовите на СОНК не е прифатлива понудата од Владата за зголемување на платите од 10 отсто затоа што тоа е кажано усно и нема таква писменаа понуда“, рече Неделков.
Посочи дека членовите на СОНК сметаат дека едно од најважните прашања е договорот со Владата за усогласување на платите по Колективен договор, за кои се подготвени да се прави во динамика од две години.
„Членовите на СОНК изразуваат големо жалење за сите непријатности кои ги имаат родителите заради штрајкот на СОНК и од таа причина уште еднаш упатува големо извинување до нив. Членовите на СОНК искажуваат огромно единство, взаемност и истрајност во заедничката борба за своите права до остварување на заедничката цел, а тоа е подигнување на нивниот социјален статус и враќање на достоинството на дејноста која ја застапуваат“, додаде Неделков.
Неделков рече дека десет проценти зголемување на платите се изедначува со процентот на инфлација која е спомнат овие денови, 8,8 последниот месец, а 10 проценти на малопродажните производи кои секојденвно се купуваат во малопродажба.
И. Т. З.