ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025 16:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Сите знаеме, посочи тој, на кој начин се случи настанот во кој загина младата Фросина и од таа причина ние побаравме да се изрече највисоката предвидена санкција која законодавецот не случајно ја предвидел во Законот.

Доколку се изрече највисоката предвидена санкција тоа ќе биде единствената правда, задоволителна правда, за младиот изгубен живот на Фросина Кулакова, и исто така би било превенција за во иднина да не бидеме веќе сведоци на вакви немили настани и злодела, изјави Ал Блана.

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова, изрази надеж дека  судот ќе покаже оти законите имаат душа и правдата има лице.

Јас само се надевам после ова долго рочиште дека судот ќе покаже дека правдата има душа, дека законите имаат душа и правдата има лице, и дека животот на Фросинче нема да заврши во празнина. Се надевам дека ќе се изрече највисока казна, изјави Кулакова.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, рече дека тие како семејство се целосно исфрлени од овој случајов и дека законот е таков што родителите целосно се отфрлени и се само неми посматрачи.

Дури иако ти убијат дете, родителие во она што значи главен случај според ваквиот закон, воопшто не се дел од предметот и немаат право да учествуваат, ниту пак право на контрола, на било што, дури ниту на увид и зависат само од добрата волја на институциите. Да, јас јавно ќе се заблагодарам за сите коишто се дел од институциите и на нивната добра волја вклучително и добрата волја на судиите, изјави Кулаков.

Кого го штити овој закон, порача Кулаков, жртвите и оштетените или обвинетите и виновниците.

Затоа е и оваа реакција дотолку поголема, бидејќи судот е место на правдата, а не да не убедуваат дека е голема разликата меѓу право и правда. Особено, ако ти убиле дете, а не смееш ништо и ниту можеш според закон да сториш и преземеш. Ти не си дел од ова, ти си нем посматрач, никој и ништо. Само дете ти убиле, изјави Кулаков.

Според Кулаковски, ако судијката Даниела Алексовска го судеше Васил за трговија со дрога, тој ќе беше во затвор, а денеска Фросина ќе беше жива.

Наместо Судскиот совет да ја обвини за директно одговорна особено што се служи со судски преседан и непознати за судска пракса работи само со цел да го пушти Васил на слобода, така тета судијка Даниела го овозможи убиството на Васил, оставајќи го на слобода, а уште посрамно е што Судскиот совет во најсрамен и недостоен манир ја бранат судијката Даниела, длабоко понижувајќи ја токму институцијата Судски совет, служејќи се со најдолни финти, држејќи се за формула „пази ја формата, целосно занемари ја содржината“. Токиму затоа и во целост го поддржуваме и премиерот Христијан Мицковски. Во целост кога кажа, ќе излезам и ќе протестирам пред Судски совет. Да, ние со него рамо до рамо ќе излеземе и ќе протестираме за судијката Даниела Алексовска повеќе да не биде судија, бидејќи она го овозможува убистовто на Васил, изјави Кулаков.

Tags: АдвокатФросина Кулакова
Next Post

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

EVN

НАЈНОВО

онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk