Во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, уметникот Зоран Кардула, се претстави со досега не изложувани дела од неговиот богат уметнички опус, и истата изложба ќе биде достапна неколку месеци, информираат од КИЦ.
Бројните гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција можеа да уживаат во делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност.
Кардула за Фронтлајн нагласи дека изложбата содржи 13 дела, дигитални илустрации на темата која со години ја работи, односно портрети на жени и некој маж како што кажува и името на самата изложба – „The famales and few males“.
Атмосферата ја збогатија автентичниот крушевски локум и музиката од DJ Узун Баба.
Првиот човек на Македонскиот културен центар во Тирана, Златко Ориѓански во видео порака од Тирана, претходно нагласи дека Кардула е врвен артист и е среќен што ќе му биде домаќин.
Делата добија нова потврда за својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката.