„Државата треба да се труди, ние како народ да научиме. Во моментов со штрајкот ги учиме децата да не одат на школо. На крајот, од се тоа страдаат децата“ – изјави професорот Методи Чепреганов во емисијата „Во центар“.
Тој објасни дека во Јапонија кога наставниците протестираат, носат жолти ленти на рацете, за да се знае дека се во штрајк и дека преговараат за нешто, но продолжуваат да работат.
„Нашето образование и така е исуфициентно, а сега со штрајкот тоа дополнително се оптеретува. Ако на тоа се додадат и претходните години со пандемијата имаме проблем од кој страдаат децата“ – рече Чепреганов.
Професорот додаде дека дополнителен проблем за децата е што не се насочуваат да читаат книги, туку го губат времето играјќи видео игри.