Ноќта на 15 април, Русија погоди едно од ракетните претпријатија на државниот одбранбено-индустриски комплекс – СЕ „Машинско-градежна – Визар„- како одговор за потонатиот крстосувач „Москва“. Ова го објави државниот концерн „Укроборонпром“, пишува Тsn.ua.
„Ова се случи откако украинските проектили го потопија предводникот на руската Црноморска флота во вредност до 1 милијарда долари. Тоа се две ракети Нептун RK-360MTs произведени во соработка со голем број јавни и приватни претпријатија, кои го уништија крстосувачот “Москва“ на агресорот.“ На интернет беше прикажана последната фотографија од крстосувачот „Москва“ на водена површина.
Потсетуваме, на рускиот крстосувач „Москва“, знаменосецот на Црноморската флота на Руската Федерација, на 13 април имаше пожар поради удар на украинските ракети Нептун. После тоа, бродот почна да тоне. Во Руската Федерација тврдат дека наводно на крстосувачот експлодирала муниција.
Вечерта на 14 април руското Министерство за одбрана официјално потврди дека крстосувачот „Москва“ потонал за време на бура во Црното Море. Според рускиот опозиционер, поранешен пратеник во Државната дума Илја Пономарев, само 58 од 510 членови на екипажот успеале да се спасат.
Потоа, американското Министерство за одбрана потврди дека крстосувачот „Москва“ потонал поради удар на украински ракети, а не поради детонација на муниција.
Превод: Жорж Димовски