ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник поради необезбеден цензус

April 18, 2022 09:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник.

Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки.

ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1887 гласа.

-На денешните избори од вкупно запишаните 7077 лица со право на глас, гласале 2121 лице или 29,97 отсто, со што не е постигнат потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. Кандидатот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, освои 1887 гласови или 89,1 отсто, додека Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците 165 гласови ли 7,78 отсто, изјави синоќа за МИА, Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.

Двајцата кандидати беа во трка за градоначалничката функција и на изборите на 17 октомври минатата година. Тогаш, Ибраим, освои 1.342 гласови или околу 72 отсто а Шаќир 482 гласа или 26 отсто. Вкупната излезност беше 25,77 отсто од тогаш запишаните 7317 гласачи.

Изборниот ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места, кои беа отворени во 7 и затворени во 19 часот.

Поради необезбеден цензус во октомври, со одлука на Владата на Северна Македонија на 14 ноември Ибраим, кој два мандата е на функцијата, беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина. /МИА/. 

Next Post

Најмалку 6 загинати и 8 повредени, меѓу кои и дете, во ракетирањето на Лвив

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk