ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Секулоски: СОНК со прст не мрдна против „заменските наставници“, а поминаа осум години

Секој еден член што беше прашан за тоа дали 10% е доволно зголемување на неговата плата не знае колку од таа иста плата СОНК исплаќа за плати, службени ручеци и патувања на раководството и хонорари на регионалните претставници, вели Секулоски.

April 19, 2022 10:38
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Влатко Секулоски, Прогресивен синдикат на образованието. Фото: лична архива

Влатко Секулоски, Прогресивен синдикат на образованието. Фото: лична архива

Јас ги разбирам колегите коишто бараат повисоки плати, со инфлацијата на светско ниво, нашите плати стануваат помалку вредни, а стандардот понизок, но не го разбирам раководството на СОНК, вели за  ФРОНТЛАЈН Влатко Секулоски од Прогресивен синдикат на образованието.

Тој истакнува дека одлуката за генерален штрајк на СОНК била донесена во потесен круг на раководството и вели дека е нејасно дали демократијата во СОНК е редовна пракса или алатка зад која се затскрива раководството.

„Одлуката за генерален штрајк беше донесена во потесен круг на раководството, не знам кое тело и во колкав состав, но секој еден член не беше прашан дали е за штрајк. После „усната“ понуда од владата, раководството на СОНК реши да го праша секој еден штрјкуваш дали ја прифаќа понудата. Останува нејасно дали демократијата во СОНК е редовна пракса или алатка зад која се затскрива раководството?“, вели Секулоски.

Околу транспарентноста на СОНК со членовите, Секулоски го поставува прашањето дали тајноста на трошењата создава вистински синдикализам или елити кои си служат првенствено самите себе.

„Не можам да ја заобиколам мојата омилена тема – транспарентноста. Секој еден член што беше прашан за тоа дали 10% е доволно зголемување на неговата плата не знае колку од таа иста плата СОНК исплаќа за плати, службени ручеци и патувања на раководството и хонорари на регионалните претставници. Тоа е сепак тема за разговор меѓу членовите и раководството на СОНК, јас можам само да опсервирам. Во поширок контекст прашање е дали тајноста на трошењата создава вистински синдикализам или елити кои си служат првенствено самите себе, ова прашање е посебно валидно ако се има предвид начинот на кој што се изведе последниот реизбор на раководството на СОНК, за којшто нема да елаборирам во детали“, истакнува Секуловски.

Секуловски вели дека СОНК иако поминале осум години, и сите правни служби со прст не мрднале да ги оспорат „заменски наставници“.

„Во контекст на штрајкот не може да се заобиколи и темата за заменски наставници. За нејзиното донесување и неукинување може да покажуваме со прст кон повеќе политички гарнитури, но да ја видиме улогата на СОНК. Во времето кога се воведоа тн. „заменски наставници“. СОНК не се сеќавам дека истото ова раководство на СОНК мрдна со прст против „заменските наставници“. Поминаа повеќе од осум години и СОНК со сите сови правни служби не ни проба да ги оспори „заменските наставници“ пред уставниот суд,. Зошто постојат само „заменски наставници“, а не и заменски пожарникари, полицајци, лекари, административци…? – Прашајте во СОНК!“, дециден е Секулоски.

Тој потенцира дека барањата за повисоки плата се легитимно право, одбивањето на понудените 10% е исто така легитимно право на просветните работници.

Дали едно раководство со тајни примања и пракси на реизбор коишто се менуваат по потреба може да биде легитимно и да води штајрк во интерес на просветните работници, наместо во купување на уште еден мандат на тајни трошења, јас не сум убеден, вели во разговорот со Фронтлајн, Влатко Секулоски од Прогресивен синдикат на образованието.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Тренчевска: Очигледно дека на СОНК само парите ѝм се важни, не зборуваат за унапредување на правата на вработените

НАЈНОВО

ФБ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Започна дводневната обука на кандидатите за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што скандирате бе луѓе, што премолчувате?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави електромагнетен топ способен да лансира проектили со брзина од 7 маха

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk