Новоназначениот директор на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ), Антонио Димитров, од Левица, не знаел дали во Украина навистина има војна или медиумите „пумпале атмосфера”.
Тој ова го напишал како одговор во коментар под негова објава на Фејсбук, во врска со руската агресија врз Украин, на први март оваа година.
„Во „1984“ имаше константна војна која се случува „таму негде на границата“ и никој не знае дали стварно се случува или е пропаганда. Битно е популацијата да се држи во константна тензија и закана со војна. Е па тоа. Не знаеме дали има ставрно војна или медиумите само „пумпаат атмосфера“, напишал Димитров.
– Проблемот е што до толку сме нурнати во западната пропаганда, што не ни забележуваме дека е пропаганда, пишува покрај другото во објавата Димитров.
Тој на функцијата директор на КИЦ Скопје е назначен од Град Скопје.
И пратениците од Левица, Крмов и Апасиев на средба со рускиот амбасадор агресијата врз Украина ја нарекоа „специјална воена операција“.
Во соопштението на партијата за средбата со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се вели дека тие во разговорот ставиле „акцент на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења“.