ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис соопшти зголемување на минималната плата за 50 евра

April 20, 2022 19:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во телевизиска порака до граѓаните, вечерва соопшти дека минималната плата во Грција ќе се зголеми за 50 евра, односно од 663, од следниот месец, ќе изнесува 713 евра и се однесува на над половина милион граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека секојдневно среќава граѓани, особено млади кои примаат минимална плата кои се загрижени за поскапувањата на цените на струјата, на продуктите во супермаркетите, но и на горивата, поради меѓународната енергетска криза и војната во Украина и додаде дека платите сè уште се многу ниски во Грција, а глобалната инфлација прво ги погодува нископлатените и невработените.

-Токму на нив се однесува мојата денешна одлука. Од 1 мај основната плата се зголемува за 50 евра месечно. Од 663 се искачува на 713 евра. Износ кој во комбинација со првата јануарска рата е еднаков на вкупно зголемување од 9,7 отсто во однос на минималната плата од 2021 година. Едноставно кажано, речиси 650.000 вработени во оваа категорија ќе добија повеќе од дополнителна нето плата годишно. На нивниот приход отсега се додава 15 плата, рече Мицотакис.

Посочи дека оваа нивна иницијатива „ги достигнува крајните граници на економијата“ и вклучува многу параметри, „исто како што едно семејство денес се снаоѓа без да ја загрози иднината на своите членови, така и власта е повикана да балансира, меѓу минливите потреби на сегашноста и националните обврски на иднината“.

-Директното зголемување на минималната плата за 50 евра е одлука на одговорност и солидарност. Живееме во тешки времиња. А мојата главна грижа е да не се наруши нашата социјална кохезија, потенцираше грчкиот премиер.

Истакна дека има доверба во потенцијалот на грчката економија, а како што рече „раст за сите“ било нивното ветување од самиот почеток, што е и целта на нивната политика, а „денес правиме уште еден важен чекор за да го постигнеме“.

Додаде дека Владата досега ги поддржа бизнисите, а сега се на ред вработените, пред сè оние со ниски примања.

Next Post

Николовски: Не може комисија да одлучува кои имиња се дозволени, кои не, помина тоа време

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk