ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Николовски: Ќе предложиме наскоро и доделување на земјоделско земјиште до 3 хектари

April 20, 2022 14:54
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Принтскрин

Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше за петте јавни огласи кои ги објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На прашањето од Фронтлајн: -Зошто доделувањето на слободно земјоделско земјиште е ограничено на над 3 хектари?, министерот Николовски истакна дека стратешка цел и политика на Владата токму во овој период била ставање на располагање на 650 целини се со цел да се зголеми домашното производство на житни култури.

Согласно Законот за земјоделско земјиште се објавуваат јавни огласи за доделување на земјиштето до три и над три хектари, рече Николовски.

Доделувањето на слободно земјоделско земијиште не е ограничено само на над три хектари, туку напротив сите капацитети на министерството се ставени во функција на евидентирање на целокупното слободно земјоделско земјиште и согласно Законот за земјоделско земјиште се објавуваат јавни огласи за доделување на земјиштето до три и над три хектари, изјави Николовски.

Министерот Николовски ги повика земјоделците, фармерите и сите заинтересирани да аплицираат на јавниот оглас кој се однесува на производителите на житни култури.

Ова е првиот подготвен оглас кој што Владата вчера го одобри и е наменски. Се однесува на производителите на житни култури. Тоа се околу 6.000 хектари во 14 региони каде што сметаме дека овие култури успеваат. Ги повикуваме земјоделците, фармерите и сите заинтересирани да аплицираат. Оваа постапка ќе биде многу кратка. Користиме минимален законски рок од 20 дена за аплицирање и затоа е важно ова информација да стаса до секој еден заинтересиран како и останатите мерки преку интервентниот фонд, поддршката од државата преку овие мерки од руралел развој, а секако дека продолжува и редовната исплата на субвенциите преку Програмата за директни плаќања, рече Министерот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство многу скоро ќе предложи на Владата да биде распишан јавен оглас за доделување на останати земјоделски парцели, повторно во вкупна површина од околу 6.000 хектари кои што ќе бидат објавени и преку огласи за доделување на земјоделско земјиште до 3 хектари како и над 3 хектари.

Што се однесува до објавувањето на следни огласи, министерството многу скоро ќе предложи на Владата да биде распишан јавен оглас за доделување на останати земјоделски парцели во вкупна површина од околу 6.000 хектари кои што ќе бидат објавени и преку огласи за доделување на земјоделско земјиште до 3 хектари како и над 3 хектари. Приоритетно Владата во овој момент се фокусираше да го објави јавниот оглас кој што се однесува за површини кој што се поголеми и ги има во 14 региони во државата. Тоа се 650 целини кои ги ставаме на располагање се со цел да го зголемите домашното производство на житни култури. Тоа беше стратешка цел и политика на Владата токму во овој период, истакна Николовски.

Во следниот месец очекувам дека сите останати огласи за целокупното слободно земјиште во сите општини во државата да биде објавено на јавните огласи и да стасаат информации до сите заинтересирани се со цел истото да биде ставено во функција, рече министерот Николовски.

М. Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk