ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: МОН и УНДП со заедничка стратегија ќе ги развиваат Регионалните центри за стручно образование

April 20, 2022 12:05
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука и УНДП креираа стратешки документ со конкретни насоки за тоа како понатаму да се развиваат Регионалните центри за стручно образование и обука, кои треба да бидат водечки образовни установи за стручна подготовка на граѓаните, како на помладите, така и на повозрасните во разни области со што ќе се подигнува нивната вработливост и ќе се намалува  невработеноста како клучен приоритет и услов за напредок на секоја економија, информираат од Министеството за образование и наука.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес конференција со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија на која беше презентиран развоен Концепт за регионални центри за стручно образование и обука, кој треба да помогне во унапредување на нивната работа и со тоа и во модернизација на системот на стручно образование и обука во државата.

„Од неодамна во земјава функционираат три регионални центри за стручно образование и обука кои се формираа преку трансформација на средните стручни училишта:„Моша Пијаде“ во Тетово, „Ванчо Питошески“ во Охрид и „Киро Бурназ“ во Куманово. Но, паралелно со основањето на овие образовни установи, се работеше и на  концепт, односно патоказ за нивно долгорочно градење и развој и така го создадовме овој документ кој предвидува сé што низ еден координиран пристап на повеќе институции и засегнати страни ќе треба се направи за да имаме модерни, ефикасни и ефективни образовни установи за стручно образование и обука кои ќе ја постигнуваат целта заради која и постојат“, рече Шаќири.

Министерот информираше дека иницијативата е на МОН, но без поддршка од УНДП, ЕУ и низа други партнери, истата немаше да се реализира.

Рече дека регионалните центри за стручно образование и обука нудат осум различни квалификации и се составен дел и од новиот конкурс за упис во средно образование во учебната 2022-2023 што е веќе објавен. Освен за средношколци, дополнително центрите нудат и можности за повозрасните граѓани за доквалификација и преквалификација со цел пронаоѓање на своето место на пазарот на трудот.

„Сакаме регионалните центри за стручно образование и обука да добијат нова улога, односно да обезбедат претприемнички и други клучни компетенции за доживотно учење. Тие треба да прераснат во лидери за инклузивност, иновативност и релевантност согласно побарувачката на пазарот на труд“, додаде министерот Шаќири.

Досегашното искуство во воспоставувањето на оваа значајна реформа, како што нагласи министерот, ќе биде основа за работа на новиот Закон за стручно образование и обука каде се предвидува поддршка за дуалното образование и Регионалните центри за стручно образование и обука.

Постојаниот претставник на УНДП во државата, Армен Григорјан потенцираше дека регионалните центри за стручно образование и обука се предвидени во Стратегијата за образование 2018-2025 како стратешка определба на Владата и Министерството за образование и наука.

„Се очекува дека формирањето на овие регионални центри за стручно образование и обука ќе се подобри и ефикаснота на реформите на стручното образование и обука преку централизацијата на инвестициите, но и со промоција на иновациите во стручното образование и обука базирани на добри меѓународни практики“, заклучи Григорјан./МИА/

Next Post

Денот на Боб Марли годинава ќе се одржи во Градски парк, повик до младите бендови да се пријават за учество

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk