ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Oтворен нов Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамки на СОС Детско село, кој ќе обезбедува услуги за околу 60 згрижувачки семејства

April 20, 2022 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на официјалното отворање на новиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село, кој е трет во државата. Заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола ја обезбедуваат поддршката на згрижувачките семејства на цела територија на нашата држава.

Министерката Тренчевска истакна дека креирањето на политики и преземањето на конкретни чекори во унапредувањето на детската заштита за Владата и министерството се од особено значење. Таа  ја потенцираше семејната средина како особено важна за правилен раст и развој на секое дете. Но и дека поради разни причини, некои деца ја немаат таа можност. Во таа насока, посочи дека министерството за труд и социјална политика, преку законски решенија, стратегии, програми и активности работи на создавање на услови за секое дете, да расте и се развива во средина блиска на семејната.

„Во последниве неколку години во Република Северна Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита која се применува долг период на нашите простори. Министерството за труд и социјална политика спроведувајќи го процесот на деинституционализација презеде низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства, “рече Тренчевска.

Таа истакна дека согласно реформата на системот за социјална заштита во делот на поддршка на згрижувачките семејства како нова форма за прв пат е предвиден Центар за поддршка на згрижувачки семејства кој треба да врши промоција на услугата згрижување во семејство,подготовка,  проценка  и  обука  на  идни  згрижувачки како и да ги  следи  и  дава  поддршка  на постојните згрижувачки семејства.

„СОС Детско село  е наш долгогодишен партнер во гржата за децата без родители и родителска грижа. И сосема природно е да се вклучи во овој процес преку воспоставување на Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамките на установата. За оваа услуга Министерството за труд и социјална политика склучивме  договор за финансиска поддршка на околу 60 згрижувачки семејства согласно цената утврдена во Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги за 2022 година,“ рече Тренчевска.

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на ПУ СОС Детско село е надлежен за поддршка и развој на згрижувачките семејства  во Скопскиот, Вардарскиот и  Југоисточен плански регион. Во моментот во државата има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници.

„Благодарение на 20 годишното искуство и стручна работа СОС Детско Село се стекна со лиценца за отворање на ваков тип на Центар за поддршка на Згрижувачи и станува еден од 3 те вакви Центри во нашата држава. Преку Центарот за поддршка на Згрижувачки семејства се засилува фокусот кон унапредување, развојот и промовирање на згрижувањето, со цел да се овозможи семејна средина и грижа за децата на кои им е потребна ваков тип на грижа. Унапредувањето на стандардите во згрижувањето ќе придонесе да се зајакне квалитетот на грижата на децата но воедно и знаењето и капацитетите на згрижувачите и професионалците во оваа област,“ изјави Јулијана Гапо, националната директорка на СОС Детско село.

По повод отворањето на Центарот се најавува и кампања за подигнување на свеста и информирање за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца во рамки на која ќе се одржат настани од јавен карактер во 25 општини. Целта на оваа кампања е зголемување на бројот на потенцијални згрижувачки семејства кои соодветно ќе одговорат на потребата од згрижување на деца, како и достапни социлани услуги во заедницата за поддршка на децата и семејствата во ризик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски

July 11, 2025
Скриншот

Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk