Украинскиот претседател Зеленски на Телеграм ја сподели кампањата во која меѓународната заедница се повикува на помош, да ѝ помогне на Украина да се вооружи, за да се одбрани од руската брутална агресија.
„Денес сакам да им се заблагодарам на милиони луѓе ширум светот кои ја поддржуваат Украина и бараат од нивните лидери да помогнат во вооружувањето на Украина #ArmUkraineNow. Тие разбираат дека секое оружје во рацете на нашата армија е исклучиво за одбрана од напаѓачите.
Тешкото оружје се алатките што ни се потребни сега за да го заштитиме нашето цивилно население од воздушни и артилериски бомбардирања, да ја зачуваме нашата инфраструктура и нашите градови.
Русија нема да се запре. Наоружајте нè со доволно тешко оружје, и ние ќе ја завршиме оваа војна порано отколку подоцна – со помалку украински цивили и војници осакатени и убиени.
Придружете се на милиони гласови во глобалната кампања на социјалните медиуми:
#ArmUkraineNow
- Објавете слика со знак #ArmUkraineNow
- Повикајте ја вашата влада да обезбеди тешко оружје за Украина
- Тагнете 3 пријатели и замолете ги да го направат истото
Застанете со украинскиот народ за каузата за мир и правда! Заедно можеме да победиме!“, истакна Зеленски.