Руските војници одбиле да се борат бидејќи не биле платени како што им било ветено. Инцидентот се случил во областа Пологи во Запорожје. Војниците на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, испратени да се борат во Украина, застрелаа неколку руски војници кои се побунија поради неплаќањето на ветените пари и одбија да се борат. Ова го соопшти портпаролот на украинската војска во Запорожје, полковник Иван Арефиев, пренесува zaxid.net.
Инцидентот се случил во областа Полохи во областа Запорожје. Според портпаролот кадировците брутално убиле тројца поттикнувачи на бунтот, кои биле подготвени да го предадат оружјето и да си одат дома.
Во исто време не престанува и снабдувањето со оружје на руската армија во областа Запорожје.
Треба да се забележи дека во регионот Запорожје во близина на градот Полохи во последните денови ситуацијата се влоши. Таму продолжува офанзивата на руската армија. На овој терен десетици населени места во регионот останаа без струја и вода.
Претходно, основачот на Тимот за разузнавање конфликти Руслан Левиев рече дека до 40% од руските војници кои веќе биле испратени во војната во Украина одбиваат да се вратат и да се борат против украинските војници. Таквите војници масовно се евидентирани во речиси секоја единица повлечена од Украина.
Превод: Жорж Димовски