ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски-Левиц: Северна Македонија припаѓа во Европската Унија

April 21, 2022 12:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Левиц, се одржа пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Латвија, по што двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.

Почитуван претседателe Левиц,

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Ми претставува чест и задоволство што сум домаќин на Вашата прва официјална посета на Северна Македонија. Ме радува дека наспроти актуелните тензии на нашиот континент, успеавте да ја реализирате оваа посета како што разговаравме на нашата средба во Минхен пред две години.

Оттогаш, многу работи за жал се променија на полошо, пред сѐ, пандемијата која ги парализираше нашите животи и најновата војна во Европа, во вашето соседство, но, не толку далеку и од нас.

Непосредно по нашата средба на Минхенската безбедносна конференција која ја споменав, станавме и формално сојузници во НАТО и нашата соработка се прошири токму во сферата за која денеска најмногу се зборува – обезбедување на траен мир и просперитет во Европа.

Она што за жал остана непроменето во меѓувреме e фактот дека ние сè уште чекаме на формалниот почеток на преговорите со Европската Унија. На оваа тема посветивме значаен дел од нашите разговори денес, ова претпладне, а ќе продолжиме, се разбира, и во текот на денот.

Ви благодарам што Латвија е една од земјите членки на Унијата што одамна ја препозна нашата подготвеност, посветеност, па и пожртвуваност за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ. Вие и латвиското политичко раководство апсолутно разбирате дека мирот и безбедноста во Европа се во директна корелација, помеѓу останатото, и со одлуките на Унијата за нејзиното проширување.

Во тој контекст, би сакал да ви се заблагодарам и за искреното залагање за динамизирање на политиката на проширување со сите земји од Западниот Балкан. Вашето искуство и како земја и како регион, е аргумент плус за отпочнување на пристапните преговори како прилог во динамизирање на реформскиот процес во нашите општества. Исто така, вашата подготвеност за споделување на сопствените искуства од евроинтегративниот процес е од големо значење за нас.

На средбата, се разбира, разговаравме и за руската агресија во Украина. За жал, спротивно на сите меѓународни норми, руската војска веќе два месеци демонстрира сила, убивајќи цивили и уништувајќи цели градови во Украина. Северна Македонија и Латвија, освен осуда на руската воена инвазија, се приклучија и кон целосниот пакет на санкции на ЕУ кон Русија.

Во овој контекст, преку солидарност и заеднички напори со сојузниците, придонесуваме за создавање предуслови за прекин на војната, повторно воспоставување на мир и безбедност на нашиот континент и амортизирање на огромната хуманитарна и бегалска криза.

Во разговорот разменивме мислења и за актуелните состојби во нашиот регион. Балканот и Балтикот, и покрај географската дистанца, имаат голем потенцијал за доближување по многу линии, пред сѐ во економската, трговската, културната и дигиталната сфера.

Убеден сум дека со вложување на дополнителни напори, со асистенција на Брисел можеме да ги „пресликаме“ успесите што евроатлантската интеграција ги стимулираше на Балтикот и тамошната позитивна трансформација која за нас претставува инспирација.

Дозволете да констатирам дека во отворената и пријателска средба со колегата Левиц, само се потврди искрената поддршка на Латвија во однос на македонското место во Обединета Европа.

Next Post
фото: МИА

Ковачевски: Настанот во Битола е провокација која не оди во насока на подобрување на односите со Бугарија

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk