Време е антибугарската идеологија која се врти во Република Северна Македонија и очигледно намерно ги труе нашите односи и намерно го поткопува патот на земјата кон Европската Унија, да остане во минатото. Обидите на политичарите на РСМ да изградат идентитет заснован на фалсификатите на Комунистичката интернационала, наместо на историска вистина, се против интересите на граѓаните на РСМ кои навистина сакаат членство во ЕУ. Ова денеска го изјави претседателот Румен Радев, пренесува БГНЕС.
Според Радев, ско зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михаилов е човекот кој го одбил Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија, изјавил бугарскиот претседател Радев.
„Не Иван Михаилов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убија и испратија десетици илјади во концентрационите логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Ова е вистински фашизам“, рече Радев.
Обработка: И. З.