ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: СОНК треба да биде искрен пред членовите, заедничко решение може да се најде

Ковачевски нагласи дека Владата најави дека  ќе разговара со репрезентативниот синдикат во однос на зголемувањето на платите во јавниот сектор и за воведување на нова методологија за зголемување во иднината на платите.

April 21, 2022 13:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничко решение може и ќе се најде, потенцираше премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање, но СОНК треба да биде искрен пред членовите дека Владата уште од првиот ден е отворена за преговори и за разговори, исто така кажавме дека разговори не се водат под уцена, туку се водат низ дијалог.

„Ние ја покачивме минималната плата и постои законски рок од 6 месеци за усогласување на платите, СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие 6 месеци го започна штрајкот. Според мене ги доведе до заблуда и наставниците бидејќи кога претседателот на СОНК ги образложуваше членовите од договорот за исплаќање на плата во време на штрајк не беше искрен до крај. Не ги кажа точните членови и не ги кажа до крај сите членови во однос на тие законски решенија, тоа треба да го направи“, истакна премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека Владата најави дека  ќе разговара со репрезентативниот синдикат во однос на зголемувањето на платите во јавниот сектор и за воведување на нова методологија за зголемување во иднината на платите.

„Отвораме процес за изработка на нов закон за плати во државата со кој ќе се отстранат голем број на неконзистентности што постојат во јавниот сектор, како и отворање на процес на реформи бидејќи тој брои повеќе од 132.000 вработени. Тие 132.000 се платени од вработените во приватниот сектор и доколку се покачува платата треба да се испорача и подобра услуга за граѓаните што ги плаќаат вработените во јавниот сектор. Најлесно е да се покачи плата во јавен сектор, синдикатот ќе побара, Владата ќе одобри, но треба да платат даночните обврзници. Но, тие даночни обврзници треба да добијат и повисоко ниво на услуга“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски дополни дека низ разговор со репрезентативниот синдикат ќе се бара решение за зголемување на платите во јавниот и ги повика наставниците да се вратат во училиштата.

„Наставниците се тие кои го градат човечкиот капитал во државата. Тие претставуваат авангарда и интелигенција во секое општеството. Јас секогаш сум бил на нивната страна затоа и го имаме отворено дијалогот кој е во постојан континуитет, освен тогаш кога СОНК ќе реши да штрајкува без да има завршен дијалог за кој што постојат и законски прописи и рокови, меѓутоа јас сум уверен дека ќе дојдеме до достоинствено и долгорочно решение за вработените во јавниот сектор“, посочи претседателот на Владата Димитар Ковачевски./МИА/.

Next Post

Откако со Груевски нè ограбија до гола кожа, сега Илија Д. нè учи што е тоа антифашизам

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk