Во рускиот град Твер силен пожар избувна во Истражувачкиот институт бр.2 на трупите на воздухопловните сили на Руската Федерација. Ова беше објавено на 21 април од голем број руски медиуми, особено Интерфакс.
Зградата изгоре до темел. За гаснење на пожарот била ангажирани хеликоптери. Бројот на загинати, според последните податоци, е пет лица (првично беа пријавени две жртви од пожарот).
Пожарот избувнал околу 11:00 часот. Локалните служби за итни случаи известуваат дека изгореле неколку ката, а вкупната површина на пожарот достигнува илјада квадратни метри. Покривот на зградата се урнал поради голем пожар.
Според руските медиуми, персоналот на институтот е евакуиран. Причина за пожарот може да биде вонредната работа на електричната мрежа во старата зграда. Заклучно со 16:00 часот се познати пет загинати и 30 повредени.
Истражувачкиот институт за воздушни сили на руското Министерство за одбрана е основан во 2014 година. Неговите специјалисти беа ангажирани во развојот на ракетни системи за противвоздушна одбрана (вклучувајќи С-400), Искандери, противвоздушни системи и стелт системи за бомбардери Ту-160. Тој, исто така, изработува инструменти за навигација, системи за контрола, водење и ориентација на копнени, воздушни и вселенски возила.
превод: Жорж Димовски