ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сојуз на средношколци: Договор што побрзо да има, ќе се пробијат државните рокови за полагање за матурантите

April 22, 2022 11:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од непостигнувањето на договор меѓу владата и СОНК во врска со штрајкот во образованието, најмногу ќе страдаат средношколците. Од Сојузот на средношколци денеска побараа солидарност за учениците, особено за матурантите, бидејќи кај нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство.

„На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа е потребно итно решавање на проблемот“, велат од Сојузот на средношколците.

Тие додаваат дека една од нивните клучни заложби е борбата за поквалитетно образование.

„Токму затоа ние бевме единствената организација во државата, која заедно со претставништвото на УНИЦЕФ, се залагавме континуирано за враќање на учениците во клупите било тоа преку комбинирана настава или настава со физичко присуство“, се наведува во нивното соопштение, додавајќи дека 21 април ќе биде деветтиот работен ден од прекинувањето на наставниот процес и ова значи дека учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес.

„Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три  години се вон нормалниот образовен процес“, велат од Сојузот на средношколците.

Средношколците велат дека тие се најголемата засегната страна во образованието, која ја трпи најголемата штета со тоа што е лишена од своето право на образование.

„Обете страни се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците. Средношколци, дали некој во земјава воопшто мисли на нас и нашите права и интереси и дали го сослушува нашиот глас? Сојузот на средношколци јавно ги повикува двете страни што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која единствено ја трпат учениците“, упатувајќи го апелот до владата и до СОНК да постигнат договор.

Од Сојузот на средношколци велат дека изминативе две недели покажале дека образовните власти во многу мал број од училиштата организирале вонредно одржување на наставата, со цел продолжување на наставата непречено.

Тие велат дека нивна клучна заложба е зголемување на буџетот за образованието во земјава како дел од бруто домашниот производ, т.е. да се одвојуваат 5 отсто од БДП за образование согласно со европскиот просек. Воедно, од Сојузот на средношколци бараат да бидат вклучени во наоѓањето решенија за надоместување на пропуштениот материјал за време на штрајкот.

Извор: МЕТА 

Next Post

(ВИДЕО) Роналдо се заблагодари за поддршката на „Енфилд“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk