ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Висока претставничка на Стејт департментот следната недела на Западен Балкан

April 22, 2022 10:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: foreignpolicy.com

Фото: foreignpolicy.com

Share on FacebookShare on Twitter

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид од 25 до 29 април ќе престојува во Западен Балкан, соопшти Стејт департментот.

Посетата на регионот Донфрид ќе ја почне на Косово на 25 април, каде, како што е најавено, ќе му се заблагодари на Косово што им обезбеди засолниште на Авганистанците и Украинците и ќе ја поттикне работата на реформите за демократска консолидација и интеграција во европските и евроатлантските институции.

Во Приштина таа ќе разговара и за изгледите за унапредување на дијалогот со Србија.

Донфрид потоа на 26 април ќе отпатува во Србија за да ја повика земјата да ги засили реформите насочени кон европската интеграција и да ја унапреди регионална стабилност и просперитет.

Американската претставничка во Белград ќе разговара за можностите за енергетска диверзификација и билатералните безбедносни и економски врски.

Во Белград таа ќе ја повтори потребата Србија и Косово повторно да се вклучат во дијалогот предводен од ЕУ.

Во Босна и Херцеговина (БиХ) на 27 април, Донфрид ќе ги охрабри функционерите да продолжат да ги вклучуваат институциите на сите нивоа на власта и ќе ја повика БиХ да постигне напредок во борбата против ендемската корупција.

На 28 април, со функционерите на Северна Македонија, Донфрид ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.

Американската дипломатка ќе ја повика најновата членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за голем број регионални, безбедносни и одбранбени прашања со цел промовирање на демократијата и регионалната стабилност.

За време на посетата на Албанија на 28 април, Донфрид ќе одбележи 100 години од американско-албанските дипломатски односи и ќе и се заблагодари на Албанија за нејзината посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Донфрид на 29 април ќе отпатува за Црна Гора каде ќе ја нагласи поддршката од САД и потребата да се забрза работата на евроатлантскиот пат на Црна Гора и пристапувањето во ЕУ.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања ќе и се заблагодари на Црна Гора што се приклучи кон санкциите против Русија во знак на поддршка за Украина.

Next Post
president.gov.ua

Верешчук ја објасни ситуацијата во Азовстал: Русите се плашат да го нападнат Азовстал

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk