Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 26 април ќе ја посети Москва, каде што ќе биде примен од рускиот претседател Путин. Ова го соопшти прес-службата на ОН.
„На 26 април, генералниот секретар на ОН ќе ја посети Москва, Руската Федерација. Тој ќе има работна средба и ручек со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Генералниот секретар ќе биде примен и од рускиот претседател Владимир Путин“, се вели во официјалното соопштение.
По патувањето во Руската Федерација, шефот на ОН планира да го посети Киев.