ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Земјотрес од 5,7 степени според Рихтер ја погоди БиХ, почувствуван и во земјава

April 23, 2022 09:08
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва ја погоди Босна и Херцеговина, беше почувствуван и во земјава, поточно во Скопје, Гостивар и Тетово.

Како што соопшти вечерва Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот се случил во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.7. Бил почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 km северозападно од Скопје, кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар, се наведува во соопштението на Сеизмолошката опсерваторија, објавено кусо пред полноќ.

Земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала е почуствуван во поголемиот дел на БиХ и Далмација, се наведува во првичниот извештај на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Столац, во источниот дел на Херцеговина, на длабочина од пет километри, се наведува во извештајот, јавува Хина.

Земјотресот, според податоците на ЕМСЦ, е почувствуван и во Северна Македонија, Албанија, Косово, Италија и Словенија.

ЕМСЦ предупредува дека се можни вторични потреси во наредните часови или денови.

-Освен доколку е неопходно држете се подалеку од оштетените подрачја заради ваша безбедност. Бидете внимателни и следете ги информациите на државните власти, се наведува во предупредувањето на ЕМСЦ. 

извор: МИА
Next Post

Претпладне облачно со дожд, попладне сончево и потопло

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk