ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Купопродажби со недвижности од 251 милион евра во четвртиот квартал лани

April 24, 2022 09:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во четвртиот квартал од 2021 година, во базата на Регистарот на цени и закупнини, се  евидентирани 8.586 трансакции, од кои 6.470 продажби на недвижности и 2.116 закупи на недвижен имот.

Регистрираните купопродажби се во вредност од 251 милион евра. Конкретно, направени се 5.447 продажби во вредност од 194 милиони евра, 956 купопродажби од инвеститор во износ од 56 милиони евра, седум лицитации од 0,2 милиони евра, како и 60 откупи од државата од 0,4 милиони евра.  Во однос на четвртиот квартал од 2020 година  во последниот квартал од 2021 имало 1800 повеќе купопродажби, а споредено со третиот квартал од 2021 има намалување за околу 600.

Според податоците на Катастарот, регистрираните 2116 закупи во последниот квартал лани биле во вредност од 856.694 евра. Најмногу  од закупите се на станови – 613,  во вредност од над 145.000 евра, по што следат тие на куќи – 350, од 72.714 евра. Закупени биле и 792 државни парцели за над 400 илјади евра, 48 индустриски објекти за над 68 илјади евра, 222 земјоделски земјишта за над 32.000 евра, 51 градежно земјиште за 11 957 евра, како и 18 закупи на гаражи за 7.858 евра.

Во последниот квартал лани се запишани и вкупно 2.557 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.104.743.956 евра и 10.248.009.786 денари. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 918  хипотеки, во вредност од 432.060.660 евра и 5.948.942.604 денари. Во останатите 29 катастарски оддели се регистрирани 1639 хипотеки, во вредност од 672.683.296 евра и 4.299.067.182 денари.

Сумираните податоци за 2021 година, пак, покажуваат дека во периодот јануари – декември  во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности  во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот. Има зголемување за 8.000 трансакции, во однос на 2020  година кога имало 25.232, од кои 18.755 продажби на недвижности и 6.477 закупи.

Во периодот јануари – декември 2021 година, пак, се запишани вкупно 8.386 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар. И по тој основ има раст на годишно ниво со оглед дека во 2020 година имало 7 649 хипотеки, во вредност од 2,38 милијарди евра и 11,33 милијарди денари.

Катастарот ја завршил 2021-ва година со вкупно 1300 нерешени предмети, од кои 784 се во Центарот за катастар на недвижности Скопје, а 515 во останатите 29 катастарски одделенија. Вкупниот број нерешени предмети се за околу 300 помалку споредено со истиот период од претнодната година.

Во Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба, пак, до крајот на декември 2021 година потврдени се 436 делови од згради, 99 катастарски парцели и 304 инфраструктурни објекти.

извор: МИА
Next Post

Ковачевски: Со пораките на Велигден да се исполниме со надеж и со спокојство за просперитет на сите нас и нашето општество

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk