ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Петков ја крева рампата и ја става Македонија на брзи шини кон ЕУ

April 24, 2022 11:48
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

На ден Велигден Бугарскиот премиер Кирил Петков конечно обзнани дека тој се залага за тоа Бугарија да го крене ветото кон Северна Македонија и таа до јуни да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Обврската на Македонија да ги вметне Бугарите во својот Устав останува, но добива грејс период тоа да се случи до отворање на првото поглавје од преговорите. На тој начин според Петков, Бугарија добива гаранции и од ЕК дека промената на Уставот ќе се случи, затоа што тоа станува дел од преговарачката рамка.

И тоа звучи како разумен компромис. Ние добиваме виза за почеток на преговорите со ЕУ, тие добиваат гаранции од ЕУ дека Бугарите ќе влезат во Уставот. Очигледнно последната посета на Фон дер Лајен на Софија не беше случајна. Имено, кога беше дојдена со шест ипол милијарди евра, за секакви реформи на Бугарија, беше ставен и „мурот“ на договорот за отворање на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Сваќајки дека сега е вистинскиот моментум за вистината, Петков почна да работи на јавна промоција на идејата за кревање на ветото, за да ја протне прво кај своите коалициски партнери, потоа и кај претседателот Радев, потоа согласно ветувањата и со мннозинство во Парлементот и на крајот пред бугарската јавност.

Нема сомневање дека младиот и навидум наивниот амерички алумни, собрал доволно храброст да ја избутка работата до крај и да го одржи зборот кој си го дадоа со македонскиот премиер Ковачевски. И не само тоа.

Упатувајќи критики кон политичките партии во Бугарија кои се натпреваруват која повеќе ќе шири говор на омраза и ќе настапува со тврди ставови кон напредокот на Македонија, Петков вели:

„На тој начин најмногу што ќе направиме е една соседна земја уште повеќе да не мрази и да нема шанси да влезе во ЕУ. При тоа забораваме дека во 2020 година бугарската влада гласаше на советот на шефови на Влади дека ќе и го овозможи на Македонија европскиот пат. Тој глас е веќе даден. Ние сме една од малкуте држави кои си дозволуваат во еден момент да сме се согласиле со европскиот пат на Северна Македонија, а две години подоцна да и ставиме вето. Долгорочната стратегија на Бугарија треба да биде Северна Македонија да биде дел од ЕУ.“

Во интервјуто Петков се задржува на „главното барање“ на Бугарија во овој спор, а тоа се правата на Бугарите во Северна Македонија и промената на нашиот Устав за таа цел.

„Сега прашањето е кога. Ако бараме Уставот да се промени сега пред да го кренеме ветото, тоа е многу тешко. Но ако кажеме, добро, тргајте по патот, ние го креваме ветото. Но првата глава не може да биде отворена без Уставот да биде променет. Тогаш веќе тие не треба да го променат Уставот поради тоа што Бугарија тоа го бара, туку затоа што тоа ќе биде договор со ЕУ кој и го определува патот на Северна Македонија како земја членка на ЕУ“ вели Петков и додава:

„Најглупавото нешто што не треба да го направиме сега и што според мене е против бугарскиот национален интерес е да се запнеме сега и да кажеме ги сакаме сите работи кои од секогаш сме ги сонувале од пред ветото“.

Она што е видливо и во изјавата на Петков во неговото интервју, но и во изјавите на Јотова и Генчовска, па и покрај навредите на Захариева при посетата на Битола и Охрид, ниту еден од нив веќе не го споменува условот – промена на македонскиот јазик и идентитет. Дали правата на Бугарите се замената за нашите идентитетски прашања, останува да се почека и да се види докрај, како и историските дубиози од договорот за заедничка историја, која до скоро,до владеењето на Бојко Борисов, беше алфа и омега за успех на преговорите. Ако овие заклучоци не се преуранети, на добар пат сме во ЕУ да влеземе како чисти Македонци со чист македонски јазик, без фусноти и објаснувања.

Тогаш се чини македонскиот шеф на дипломатијата бил сепак во право кога пред неколку дена тврдеше дека „постои документ“ кој се чека од бугарска страна на биде одобрен. И тој сепак најмногу наликува на португалскиот предлог. Ако Петков успее во намерите она што го зборува и да го реализира, тогаш ние сме на прагот на уште една голема дипломатска и пред се историска победа и на почеток на остварување на сонот на генерации Македонци да станеме членка на европското семејство на народите, онаму каде цивилизациски и припаѓаме.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими на средба со директорката на ММФ: Линијата за претпазливост и ликвидност се доделува на земјите со добри економски политики

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk