Рускиот пилот на Су-34 заробен во Чернихив се соочува со доживотен затвор, пишува Informator.
На Александар Краснојарцев, пилот на Су-34, кој беше соборен во близина на градот Чернихив, му се заканува казна од 15 години до доживотен затвор. Тој фрли воздушни бомби на цивилни објекти. Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина веќе поднела пријава против него според член 438 (повреда на законите на војната во комбинација со убиство со умисла).
Почнувајќи од 05:00 часот на 24 февруари, руските воени единици се обидуваат да ги окупираат украинските градови. Ова е придружено со борбена употреба на авијација, артилериски напади, употреба на оклопни возила и друго оружје. Истовремено се изведуваат и огнени удари врз објекти кои не се поврзани со воената инфраструктура и се заштитени со нормите на меѓународното хуманитарно право. Од 24 март 2022 година, повеќе од 2.000 цивили загинаа од рацете на руската армија, а уништени се и стотици цивилни објекти.
Соучесник во сето тоа е Александар Василиевич Краснојарцев, кој служи во воената единица 86789 како шеф на воздушно-пожарна и тактичката обука. Постар пилот. Нему му беше наложено да бомбардира објекти на територијата на Украина, вклучително и цивилни. Сфаќајќи го ова, војникот ја извршил наредбата. Тој фрлаше високоексплозивни фрагментирани-запаливи воздушни бомби (UFZAB-500), воздушни бомби со висока експлозивна фрагментација (UFAB 250-270) и високоексплозивни воздушни бомби (FAB 500) врз градовите. Тој полетал од воениот аеродром лоциран во близина на селото Сеша во областа Брјанск во Руската Федерација, упатувајќи се кон градот Чернихив.
На 5 март, околу 11:30 часот, додека бил во борбена мисија, неговиот Су-34 бил соборен од војници на Вооружените сили на Украина. Краснојарцев и уште еден пилот се катапултирале. Тие слетале во дворот на приватна куќа и се обиделе да избегаат, но биле забележани од цивил на 44 годишна возраст, сопственик на куќата кој се обидел да ги приведе. Краснојарцев пукал во него – според заклучокот од вештачењето, смртта на мажот настанала поради огромна загуба на крв поради прострелна рана во градниот кош.
Собрани се сите докази за вмешаноста на Краснојарцев во горенаведените настани. Материјалите се доставени до судот. Според написот, тој може да добие затворска казна до 15 години до доживотна казна.
Превод: Жорж Димовски