Oлексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на претседателот, смета дека Русија има намера да ја намали воената кампања во Украина по целосното заземање на регионите Доњецк и Луганск и да се врати кон мировните преговори и укинувањето на санкциите. Ова беше објавено во неговото интервју за Медуза. пренесува antikor.com.ua.
Според него, сегашната руска офанзива во Донбас не напредува како што се очекуваше во Москва, бидејќи на окупаторите ѝм се спротивставуваат „злобните и мотивирани“ украински единици, најподготвени за борба.
„Операцијата во насока Изиум беше објаснета со чисто политичка одлука – да отидат до границите на регионите Луганск и Доњецк и да прогласат победа. Нивната задача сега (по неуспехот на првичниот план) е да прогласат дека ова е победа. Затоа сега сакаат да ја скратат кампањата. Потоа да се вратат на преговорите, чија главна задача е да се укинат санкциите“, додаде Арестович.
Превод: Жорж Димовски