Нехумано е една цела генерација од 18.000 ученици да бидат оставени без можност за нивно усовршување и образование. Доволно е да се уништи сон на едно дете за да пропаднеме како држава, систем, образование. Станува збор за три генерации кои континуирано ги уништуваме. Се што се случува во образованието мора да биде водено од интересот на детето, вели Лука Павиќевиќ, лидер на средношколците.