ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СОНК и Владата се договорија за зголемување на платите од 12 проценти

Конечниот збор за прекин на штрајкот, СОНК ќе го каже вечерва по консултациите со членството и доколку биде позитиве, учениците би требало да се варатат на настава од среда.

April 26, 2022 07:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите на вработените во училиштата и градинките за 12 отсто. Конечниот збор за прекин на штрајкот, СОНК ќе го каже вечерва по консултациите со членството и доколку биде позитиве, учениците би требало да се варатат на настава од среда.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков по тричасовни разговори во Владата изјави дека успеале да ги усогласат ставовите во рамки на можностите на државата за зголемување на платите во дејностите детска заштита и образование што би почнало од месец јули со завршување на ребалансот на Буџетот и со обезбедување на потребните средства.

Зголемувањето ќе изнесува 12 проценти на сегашните плати со додатоци предвидени со Колективниот договор. Се разговарало и за изработување колективни договори во дејноста детска заштита, основно и средно образование и решавање на некои отворени прашања како што се патните трошоци и регресот за годишен одмор.

Неделков оцени дека ова е максимумот што во моментов можел да се издејствува.Во текот на утрешниот ден ќе бидат направени консултации со членството и регионалните одбори, кои ќе бидат детално информирани и се надева дека во интерес на учениците, родителите и вработените, како и на државата, штрајкот ќе заврши на општо добро и задоволство на сите. Конечната одлука СОНК ќе ја соопшти утре вечер и ако биде позитивна учениците би се вратиле на настава во среда. Неделков кажа дека во моментов не може да го прогласи штрајкот за прекинат, додавајќи оти жали што траел толку долго и порано не било најдено решение.

Им се извини на сите засегнати во овој процес, особено на учениците и родителите, кои претрпеа загуба со неодење во училиште, но најави дека наставниците по завршување на штрајкот ќе се заложат максимално да се надомести материјалот предвиден до крајот на учебната година. Дополнително ќе се разговара со МОН дали ќе има потреба од продолжување на учебната година или со соодветни скратени програми ќе се надомести загубеното.

Неделков и се заблагодари на Сузан Флокен од Европската конфедерација за синдикати за образование која, како што рече, придонела да се избалансираат ставовите од двете страни.

Министрите за образование и за труд и созијална политика, Јетон Шаќири и Јованка Тренчевска, изјавија дека очекуваат од среда уилиштата и градинките да почнат да функционираат нормално.

Тренчевска рече дека со зголемувањето на платите нема ризик од дополнителна инфлација и загрозување буџетот и најави дека потребните средства ќе бидат обезбедени со ребалансот на државаната каса./МИА/.

Next Post
фото: МИА

30 години монетарна самостојност, денарот останува стабилен

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk