ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рустеми побара од судот ефективна казна затвор за обвинетите во случајот „ТНТ“

April 27, 2022 12:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска во завршен збор за случајот „ТНТ“, јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Во координација со останатите обвинети Миле Јанакиевски и Тони Трајковски, Рустеми рече, дека Груевски успеал во својата намера.

– Обвинетиот Тони Трајковски се согласил и го прифатил планот за одмазда. Од изнесените докази во постапката јасно се покажа дека одлуката за уривање на објектот ја донел Никола Груевски, изјави Рустеми.

Според него, значајно е што Миле Јанакиевски во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација, што пак претставува олеснителна околност за него во случајот.

Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.

– Во однос на обвинетиот Миле Јанакиевски, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите, изјави Рустеми.

На почетокот, обвинителот Рустеми, во завршен збор изврши прецизирање на обвинението и се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност” против обвинетиот Миле Јанакиевски, како и на висината на штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 654 милиони денари.

Законот за кривична постапка, според адвокатот Дончо Наков не предвидува прецизирање на обвинителен акт.

– Според одбраната се работи за целосна измена на обвинителен акт и барам да ми се достави копија од записник бидејќи постои според мене измена и за да можам да го дадам својот завршен збор, изјави Наков.

Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.

– Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение, изјави бранителот по службена должност на Груевски.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба. /МИА/

Next Post

КЗБ препорача укинување на сите рестриктивни мерки, освен носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk